Во најтешкиот натпревар сезонава, против некогашниот европски првак Кил, ракометарите на Вардар загубија 28-27 но поради триумфот на гости пред седум дена со гол повеќе одат на историскиот втор Фајнал Фор каде ќе го бранат златото!
Европскиот шампион остана најдобрата екипа во Лигата на шампионите откако ја забележа и осмата победа во деветтото коло. Совладан Рајн Некар со 30:26 (17-13).
Избраниците на Раул Гонзалес продолжуваат со доминација во Лигата на шампионите откако вечерва ја прославија и шестата победа на седум меча и без пораз се лидери во Групата А.
Европскиот шампион продолжува да ги пишува најубавите страници од својата историја - вечерва во Скопје со 27-24 (16-12) ја победи славната Барселона во 5. коло од групната фаза на ЛШ и сега е сам на врвот.
Со голот на Лука Циндриќ во последната секунда, Вардар оствари сензационална победа против Барселона 26-25 (13-12) и влезе во големото финале каде ќе игра против ПСЖ.