И покрај тоа што Вардар многу пати низ годиниве наидуваше на противник кој беше фаворит и играше пред громогласна публика, „црвено-црните“ знаеа да се носат со тоа бреме. Но не и вечерва во Кјелце.
Уште од самиот почеток на мечот, домаќините агресивно се нафрлија на противничкиот гол, брзо направија два гола предност и потоа само ја одржуваа предноста.
Првите -5 гола негатива Вардар ги имаше после 23 минути игра, но до крајот на првиот дел малку го обели образот и се врати на -3 (17-14).
Она што се најави во првиот дел, своја потврди доби во вторите 30 минути. Вардаровата игра не личеше на ништо, а Кјелце тоа го искористи.
Отсуството на Криштопанс беше видно, па Вардар во нападот делуваше на дебитант во елитната Лига на шампиони. Кјелце безмилосно до врв ја наполни мрежата на европскиот првак, а за крајниот епилог 35-25 се погрижи и домашниот голман Волф кој имаше 14 одбрани.
Први стрелци кај Кјелце со по шест погодоци беа Игор Карачиќ и Артсем Каралек, Блаж Јанц и Брајко Вујовиќ дадоа по четири. Единствена светла точка кај Вардарци беше Тимур Дибиров со 9 гола од 13 обиди. Сташ Кубе шест пати ја погоди противничката мрежа, а Стојанче Стоилов пет.
После овој меч Вардар е на 5. место со 3 учинок 4-1-3. Кил е прв со 13 бода, Веспрем втор со 10 бода, Кјелце има 10, а Монпеље 9 колку што има и Вардар.