Љубителите на ракометот видоа уште еден драматичен меч сезонава во изведба на европскиот шампион. Црвено-црните имаа расположен противник кој го реши првиот дел во своја корист.
Мотор постојано имаше водство кое во неколку наврати стигна и до 4 гола предност. Одбраната на Вардар не беше на потребното ниво, а и голманите фатија малку топки. На пауза Украинците имаа +2 (18:16).
Во 40. минута од мечот беше 22:22, а потоа 25:25. Главниот проблем на Вардар му го создаде голманот Киреев, кој бранеше кога беше најпотребно.
На десетина минути до финишот му тргна на Криштопанс кој даде два важни голови за водство. Неизвесната драма продолжи со игра гол за гол и нерешен резултат до 30:30.
Летонскиот џин го постави конечниот резултат за победа на Вардар, а ракометарите на Мотор имаа напад кој не успеаа да го реализираат на крај.
Најефикасен играч на мечот беше Дибиров со 10 гола, Криштопанс постигна 7, а Чупиќ и Калараш по 4.
Во четвртото коло, Вардар на 12 октомври го пречекува Кил.