Телохранителот на Тито кој завршил на Голи оток

Човекот го има запознато Миломир Мариќ, се викал Бошко Чолиќ и цела војна го има чувано Јосип Броз Тито, дури и носено на грб преку Неретва и Сутјеска. За време на Информбирото му се вади  муабет дека по налог на Русите требало да го убие Тито па завршува на Голи оток. Долго по одлежувањето на казната, му заѕвонува телефон. Тито. 

Се викаше Бошко Чолиќ, го чуваше Тито во текот на целата војна а неговата жена ѝ беше шефица на Јованка, идната Јованка Броз. Додека Тито спиел, Бошко цели ноќи го чувал буден пред неговата врата.

Во 1948 година бил обвинет дека по налог на руската служба требало да го убие Тито. Тоа било тешка глупост. Се работело за тоа што во 1945, Русите пратиле филмска екипа да снимат филм за партизанските борби. Тито не сакал да се мавта со нив па го пратил Бошко а тој веројатно се има расприкажано повеќе отколку што треба.

Бил на Голи оток и во 1962 година го има напуштено меѓу последните затвореници. Почнал да продава лозови (по ново: грепки) по саеми и работата му одела добро па дури си купил и куќа на море.

Лошата епизода од својот живот ја оставил зад себе. После паѓањето на Ранковиќ, Тито му го нашол бројот и му се јавил:

„Каде си, пријателе? Нас нè скараа, двајцата најголеми пријатели. Толку пати ми го имаш спасено животот, одма да си дошол кај мене и да продолжиме со дружењето“.

Бошко Чолиќ, според Мариќ кого го пренесува Слободна Далмација, му има кажано:

„Другар Тито, јас и без вас се имам снајдено до сега, нека остане така и во иднина“.

2 јуни 2024 - 08:51