Сасуоло помина најголем дел од историјата во аматерските лиги, но по драматичното кревање сега победуваат некои од најпрестижните европски клубови и го радуваат малиот град.
Со седмиот рекорден хет-трик во Лигата на шампионите, Меси сам го победи Манчестер Сити на неговиот поранешен учител Пеп Гвардиола. Бешикташ го направи најголемото изненадување вечерва откако со 2:3 го победи Наполи на „Сан Паоло“.
На 16 септември 1992-ра, најелитното клупско европско натпреварување ја стартуваше новата ера со логото UEFA Champions League, а оваа сезона ќе слави четврт век постоење. Ова е мал дел од највозбудливите моменти на најголемото фудбалско уживање кое во вторник и среда во 20:45 нè бетонира пред тв.
Аргентинската екипа од Буенос Аирес "Линиерс" настапува во петтата лига и цели 30 години игра на домашен терен кој е крив. Минатата недела управата на екипата добила допис од фудбалската федерација која бара теренот да се корегира. Претседателот на клубот изјавил дека федерацијата дознала за проблемот кога видела слика на Гугл мапите.
Во саботата фудбалерите на Партизан играа против Вождовац, а пред мечот навивачите им дале да облечат маици со ликот на убиениот водач Александар Станковиќ. Ај што фудбалерите комотно ги облекоа, туку синоќа истото мораше да го сторат и кошаркарите иако станува збор за криминалец кој требал да одлежи затворска казна од 5 години и 10 месеци.
Ракометарите на Вардар ја забележаа и четвртата победа во исто толку кола во Лигата на шампионите, откако вечерва потешко од очекувањата ја совлада 30:27.
Челси со 3:0 го прегази Лестер, а Еден Азар и Диего Коста ги прославија головите така што со рацете ги симболизираа буквата W и бројот 22. Во прв момент никој не сфати за што се работи, а двајцата подоцна објаснија дека го направиле како сочуство до соиграчот Вилијан (Willian) чија 57-годишна мајка пред неколку дена починала од тумор на мозокот. Вилијан дознал по враќањето од Бразил во Лондон.
Ракометарите на Металург одиграа феноменален меч со тотално драматична завршница во која херој беше Дарко Арсиќ со 16 одбрани. Во последните секунди фати чиста топка во игра еден на еден, клучна за голема победа против Ла Риоха во ЛШ.
Австрискиот тренер Карл Рапан во ’30-те години од минатиот век во швајцарскиот клуб Сервет за првпат наместил тактика која подоцна Италијаните ќе ја авторизираат како catenaccio (катеначо), дефанзивен стил на игра со која Салернитана, Милан и Интер ги победувале противниците. Најпознат претставник на овој стил на игра денес е Жозе Мурињо.
Фудбалската репрезентација на Сан Марино е 201. на ранг листата на ФИФА. Во својата историја, оваа селекција даде по некој гол а сè друго беа пораз, пораз, пораз, пораз, пораз и пораз. Последниот гол, прв после 15 години го прославија урнебесно.
За тоа колку е важно саботното дерби Наполи - Рома говори и податокот дека луѓето од Неапол ургирале кај селекторот на Италија Џамјперо Вентура да го изостави напаѓачот Маноло Габјадини од дуелот против Македонија во Скопје, поради тешката повреда на нивниот најдобар шпиц од Полска, Аркадиуш Милик.
Како мал бил буцко и сакал да дрибла како Пеле, Гаринча и Ромарио, но другарите му се смееле поради што се вратил на голот. Против Атлетико фати два пенали и стана рекордер по одбранети единаестерци во шпанската Примера. Суеверен е и секогаш оди со медалјонот од Пресвета Богородица.
И следно лето ќе гледаме Европско, овој пат од 16 до 30 јуни за младинци, а меѓу најдобрите 12-те европски селекции ќе биде Македонија. Да не му се верува на човек кога ќе помисли, ама вистина е, први сме во група со 21 бод и само еден пораз. Момците изиграа феноменално.
Репрезентацијата на Македонија У21 како ретко кој спортски колектив ја израдува земјава. Импресиите за маестралните настапи на дечките уште не стивнуваат, а допрва ќе исчекуваме против кој ќе играат на Европското првенство.
Македонската фудбалска репрезентација беше на чекор до сензација против најтрофејната фудбалска земја која некогаш гостувала на Филип Втори. Момците на Ангеловски заслужуваат честитки за играта, но одбраната не издржа и од водство за 2:1, на крај загубивме.
Во третиот меч од групата Б во Лигата на шампионите, ракометарите на Вардар успешно го пребродија гостувањето во Словенија 26-32 и дома се враќаат со нови бодови.
Тренер од Норвешка разочаран од својот состав отиде малку подалеку со идеите за тоа како да ги оправи работите во неговиот состав кој според описот делуваат очајно, а ние знаете одма на кого помислуваме во овој контекст.
Јужноамериканските квалификации за Светско првенство или за Копа Америка редовно ни носат убави голови, добри дриблинзи и фешти од трибините. Од Еквадор денес стигна видео како полиција трча по најдобриот играч на оваа земја кој глумел повреда во амбулантно возило.
За Игор Ангеловски следниве статистички податоци може да бидат корисни. Нашите два следни противника во квалификациите (Италија на 9-ти октомври и Шпанија на 12-ти ноември) кријат двајца незгодни стрелци меѓу играчите од среден ред.
По отказот за корумпираниот Сем Алардајс, англискиот ФА одлучи за в.д. селектор да го постави Гарет Саутгејт, борецот кој во младоста го мајтапеле поради големиот нос и кој се шверцал во автобус.