Аргентинската екипа од Буенос Аирес "Линиерс" настапува во петтата лига и цели 30 години игра на домашен терен кој е крив. Минатата недела управата на екипата добила допис од фудбалската федерација која бара теренот да се корегира. Претседателот на клубот изјавил дека федерацијата дознала за проблемот кога видела слика на Гугл мапите.
„Теренот си функционира без никаков проблем. Знаевме дека еден ден ќе мора да исправиме нешто, но ова писмо ни стигна изненадно“, изјавил претседателот на Линиерес.