Таг: аргентинска петта лига

Доби црвен картон за 10 секунди во игра

Нестор Мартин Алегре од нисколигашкиот фудбал во Аргентина, може да биде горд што ќе влезе во Гинис, ама како сопственик на светски рекорд во добивање најбрз црвен картон. Доби жолт затоа што влезе на терен пред да излезе другиот, па доби уште еден жолт бидејќи се побуни за првиот. Човекот не се состави со топка. Судијава дефинитивно има чудни критериуми.

Најјакиот момент во аргентинска трета лига со музика од Роки

Толку имаат сенс и страст за фудбалот што во секоја пригода знаат како да смислат нешто интересно. Трета лига, гужва меѓу играчите, ескалација на нервоза а од трибините се слуша музика од легендарниот Роки.

30 години да играш на крив терен

Аргентинската екипа од Буенос Аирес "Линиерс" настапува во петтата лига и цели 30 години игра на домашен терен кој е крив. Минатата недела управата на екипата добила допис од фудбалската федерација која бара теренот да се корегира. Претседателот на клубот изјавил дека федерацијата дознала за проблемот кога видела слика на Гугл мапите.