Топката сигурна во нозете на ЕВН во дуелот со Сава Осигурување

Третото коло во Бизнис лигата на Македонија го финишираа екипите на ЕВН и Сава Осигурување.

Топката сигурна во нозете на ЕВН во дуелот со Сава Осигурување
Сава Осигурување 3-8(1-3) ЕВН
Сава Осигурување: Данило Апостолоски 12’ Коста Глигуровски 33’ 36’
ЕВН: Александар Димовски 2’ 22’ Вилијам Митев 4’ 6’ 30’ Бојан Симоновски 32’ Томи Илиевски 34’


Во последниот натпревар од треотот коло силите ги одмерија екипите на Сава Осигурување и ЕВН.
Екипата на ЕВН преку Александар Димовски во 2-та минута успеа да поведе со 1-0 за набрзо после тоа да стапи на сцена Вилијам Митев кој со два последователни гола му донесе водство на ЕВН од 0-3. Сава Осигурување во 12-та минута успе да го намали резултатот на 1-3 преку Данило Апостолоски но ЕВН одлично го контролираше поседот на топка па не дозволи да се промени резултатот на полувремето. Во второто полувреме екипата на ЕВН продолжи во одличен ритам и користејќи ги грешките во одбраната на Сава Осигурување од минута во минута го зголемуваше своето водство. Сава Осигурување имаше свои светли моменти но тоа не беше доволно за да се надигра вечерва расположениот ЕВН кој го доби овој натпревар со 3-8.

21 октомври 2016 - 09:11