Пекабеско со добро организиран напад до победа над ОКТА

Систина, Фабрика Карпош и Пекабеско славеа убедливо во второто коло од Бисниз лигата на Македонија.

Пекабеско со добро организиран напад до победа над ОКТА
ОКТА 4-9 (2-5) Пекабеско
ОКТА: Шеќо Личина 1’ Драганчо Ѓорѓиевски 15’ 37’ 37’
Пекабеско: Александар Спасев 6’ 15’ 26’ Дејан Неделковски 12’ 16’ Слободан Игнатов 18’ Маријан Величковски 27’ 36’ Бобан Вујиќ 30’

Екипата на ОКТА одлично го отвори првото полувреме во натпреварот со Пекабеско постигнувајќи гол уште во првата минута, но Пекабеско набрзо успеа да ги консолидира своите реднови и да заигра поцврсто пред се во делот на одбраната што им овозможи преку контра напади да имаат вишок играч кој успеваа да го искористат па го добија првото полувреме со 2-5. Во второто полувреме екипата на ОКТА се обиде и со голман играч да створи предност и да се врати во натпреварот но се чини дека Пекабеско имаше своја вечер, не потклекн на притисокот и го доби овој натпревар со високи 4-9.

Браќата Божикови им ја донесоа првата победата на Фабрика Карпош во дуелот со Раде Кончар
Раде Кончар 1-6(0-3) Фабрика Карпош
Раде Кончар: Сашо Трпчевски 30’
Фабрика Карпош: Александар Божиков 6’ 27’ 37’ Георги Божиков 8’ 15’ 24’

Дебитантите во Бизнис Лигата екипите на Фабрика Карпош и Раде Кончар натпреварот го започнаа доста внимателно одмерувајќи ги силите и чекајќи грешка на противникот. Екипата на Фабрика Карпош во своите редови ги имаше браќата Божикови кои беа расположени за игра и имаа своја вечер. Екипата на Раде кончар не можеше да реализира во нападот и да ги искористи дадените шанси па го загуби полувремето со 0-3. Во второто полувреме екипата на Раде Кончар имаше неколку одлични шанси и успеа да постигне гол преку Сашо Трпчевски но дуото Божикови не дозволија изненадување па со одлична реализација го добија овој натпревар за Фабрика Карпош со 1-6.

Систина доминантна во дуелот со Сава Осигурување
Сава Осигурување 1-8(0-6) Систина
Сава Осигурување: Мирче Маринковиќ 31’
Систина: Ѓорѓи Иванов 2’ 12’ 32’ Игор Ѓорѓиевски 5’ 20’ Далибор Дамјановски 10’ Кристијан Димковски 19’ Никола Трајковски 28’

Екипата на Систина во дуелот со Сава Осигурување влезе со максимално сериозен пристап уште на самиот старт. Во текот на целото прво полувреме екипата на Систина демонстрираше апсолутна доминација пред се во делот на нападот каде што беа неприкосновени, со ваква игра Систина успеа да направи високи 0-6 на полувремето. Во второто полувреме се продолжи во истиот ритам екипата на Систина од минута во минута го зголемуваше своето водство не дозволувајќи на Сава Осигурување да најде против игра и да се обиде да се врати во натпреварот. Во ваквата игра Систина извојува висока победа од 1-8.

13 октомври 2016 - 09:46