Рамстор со контролиран напад до триумф над Раде Кончар

Фабрика Карпош, Систина и Рамстор се победничките екипи во третиот ден од третото коло во Бизнис лигата на Македонија.

Фабрика Карпош во дуелот со НЛБ Банка до втората победа во низа
НЛБ Банка 3-5(1-3) Фабрика Карпош
НЛБ Банка: Жарко Димитриевски 2’ 38’ Фарук Биљали 36’
Фабрика Карпош: Александар Стефанов 8’ Георги Божиков 9’ 37’ Александар Божиков 9’ Љупчо Петрушевски 30’

Екипата на НЛБ Банка во дуелот со Фабрика Карпош успеа уште во раната фаза со добро изработен напад да постигне гол преку Жарко Димитриевски кој во 2-та минута ја затресе мрежата на Фабрика Карпош. Бидејќи се играше отворен фудбал екипата на Фабрика Карпош беше настојчива и успеа да го израмни резултатот преку Александар Стефанов во 8-та минута по што следеше целосна офанзива и пресврт во полза на Фабрика Карпош кој преку браќата Божикови успеа да го добие ова полувреме со 1-3. Второто полувреме започна со егал натпревар, се играше цврст фудбал и на двете страни се до средината на второто полувреме кога екипата на НЛБ Банка направи грешка во додавање која ја искористи Љупчо Петрушевски за да го зголеми водството на Фабрика Карпош од 1-4. НЛБ Банка се обиде да се врати во натпреварот користејќи го играчот плус по исклучувањето кај Фабрика Карпош и реализира преку Фарук Биљали. Но Фабрика Карпош не дозволи изненадување па во мирна завршница го доби овој натпревар со 3-5.

ОКТА со голман играч не успеа да ја изненади Систина
ОКТА 1-4 (0-1) Систина
ОКТА: Александар Јовчевски 37’
Систина: Кристијан Димковски 11’ Ивица Петровски 22’ Ѓорѓи Иванов 23’ Никола Трајковски 36’

Екипите на ОКТА и Систина во првото полувреме играа доста повлечено во која игра целосно беше ставен акцент на одбраната. И на двете страни воглавно преку контра-напади се доаѓаше до изгледни шанси за гол, во ваквата игра во 11-та минута екипата на Систина успеа преку Кристијан Димковски да поведе со 0-1. Екипата на ОКТА иако кон завршницата на полувремето притискаше кон голот на Систина резултатот остана непроменет до крајот на полувремето. Второто полувреме екипата на ОКТА го започна со голман играч ваквиот ризичен почеток и дозволи на Систина да икористи две грешки во одбраната на ОКТА па преку Ивица Петровски и Ѓорѓи Иванов да дојде до предност од 0-3. Пред самиот крај на натпреварот ОКТА успе преку Александар Јовчевски да го убажи поразот кој беше неизбешен после добрата игра на Систина. Натпреварот заврши со конечни 1-4.

Рамстор со контролиран напад до триумф над Раде Кончар
Раде Кончар 2-5(1-3) Рамстор
Раде Кончар: Маријан Баждаров 2’ Јане Талевски 32’
Рамстор: Ибрахим Бекир 3’ Фуркан Муртези 5’ Румен Амповски 14’ 27’ Ведат Арслан 26’

Екипата на Раде Кончар во дуелот со Рамстор влезе мошне амбициозно постигнувајќи гол усте на самиот старт преку Маријан Баждаров во 2-та минута, но Рамстор не препушти ништо на случајност ги консолидира своите редови и не само што успеа да израмни преку Ибрахим Бекир туку и со головите на Фуркан Муртези и Румен Амповски направи целосен пресврт и го доби полувремето со 1-3. На самиот старт на второто полувреме екипата на Рамстор остана со игач помалце но тоа не го искористи екипата на Раде Кончар која немаше јасно изработен напад, по што следеше казна од страната на Рамстор кој преку Ведат Арслан зголеми на 1-4 а веднаш потоа со Румен Амповски зголеми на 1-5. Втората половина на второто полуреме екипата на Раде Кончар преку Јане Талевски го намали резултатот на 2-5, но Рамстор заигра поцврсто во одбрана и со конролиран напад не дозволи пресврт па го доби овој натпревар со 2-5.

20 октомври 2016 - 12:19