Така може од "втора мајка", да ја оправда вашата доверба, воедно и да ја исчисти "црната дамка", што ви ја нанесе, како на екселенции со најдобри намери.
Имам и друг предлог:
На местото на поранешниот државен јавен обвинител Јовевски, докажаниот "молчељубец", кој како да имаше земено "завет на молчание", во неговиот мандат, да ја поставиме госпоѓа Вилма Рускоска.
Докажаната обвинителка, можеби сега ќе покрене обвинение и за луѓето со качулки во Собранието на 27 април, во тогашна Р.М. за кои тогаш никој не беше заинтересиран да дознае кои се и зошто биле маскирани.
Ако не тоа, тогаш пак нас може да нè собере, на повторено судење и наместо 300, овој пат да побара 600 години робија.
Плус, нејзините методи за притвор, некои од нас ги почувствувавме, некој од вас ги видовте, а отпосле сите ги слушнавме:
"Го фрлив таму и го заборавив! Го заборавив! Буквално го заборавив! Ха, ха, ха...!"
Се разбира ако тој глас беше нејзин а не глас на некој руски пранкер, кој глуми пијана обвинителка која ужива во притворот на некој си, фрлен таму во кочината, наречена "Шутка".
Којзнае ... ? Но, сето тоа треба да се расчисти.
Е сега, за судија во тоа обновено судење за терористичко загрозување, глупо е да ја враќаме госпоѓата Кацарска и да ја деградираме како уставна судијка, мачејќи ја жената по стари години да седи по 13 - 14 часа на судење, 4 - 5 дена во неделата.
Тука ќе мора да се најде друг судија, друг кадар. Некој кој е спремен и кадарен, после тоа судење, да се искачи и да се вивне до уставениот суд.
П.С. Дали ако еден ден во нашава Македонија победи некоја екстремна десница и ако ја врати смртната пресуда во македонското судство (хипотетички), ќе можеме самите да си ги одбереме џелатите кои ќе нè обезглавуваат, или ќе ни бидат наметнати кадри кои други ќе ни ги одберат!?