Пораката која стои пред Олимпискиот стадион во Кито - Welcome to South America можеби најдобро го опишува чувството кое човек може да го има таму кога гледа фудбал.
Еквадор со 3:0 го прегази Чиле и уште толку го оддалечи од погорните места на табелата кои водат на Светското во Русија.
Еквадорците остварија рутинска и висока победа, но тоа што му се случи на најдобриот нивен играч Енер Валенсија ќе остане запаметено уште долго. Напаѓачот на Вест Хем кој е позајмен во Евертон морал да глуми дека е повреден со цел да ја избегне полицијата која според законот за алиментација имала налог да го приведе и тоа верувале или не, на сред натпревар.
Валенсија важи за главен играч на Еквадор, но тоа многу не ги тангира судските власти кои го теретат дека не плаќал алиментација за петгодишната ќерка.
Од таа причина девојката со која има дете го тужела, а Валенсија била принуден да плаќа околу 15.000 евра секој месец. Во меѓувреме стигнала уште една пресуда според која Валенсија мора да плаќа или во спротивно ќе оди во затвор, а фудбалерот решил да ги игнорира повиците од судот во Кито и сакал да избегне исплата на парите.
Еквадорската полиција го барала на тренингот пред мечот во базата на репрезентацијата, но не го нашла. Го барале и пред почетокот на натпреварот но тој веќе бил на теренот и полицајците само чекале момент кога ќе излезе од теренот за да го уапсат.
Валенсија сфатил колку е часот и за да избегне приведување исценирал повреда и влегол во амбулантното возило кое го возеше надвор од стадионот. По него веднаш се пуштија четворица полицајци за права комедија на стадионот во Кито.
De Ripley. Enner Valencia salió en camilla, casi lo arrestan y lo llevaron con prisa a la ambulancia y así salió del estadio. Que cosas. pic.twitter.com/I7VnAWYLC3
— Andrés Muñoz Araneda (@andresmunoza) October 6, 2016