За 13 јуни е закажана Копа Америка, најголемиот турнир на континентот Јужна Америка, пандан на Европско првенство, но за разлика од Стариот континент, таму е тотален хаос со организацијата.
Состојбата со пандемијата во европскиот фудбал полека се стабилизурва. Скоро и да нема позитивни играчи, има по некој изолиран случај. Затоа во Европа постепено ги намалуваат ограничувањата и навивачите плански ги враќаат на трибините.
Во вечер каква што може да понуди само Јужно-американскиот фудбал, Аргентина се избори со сите можни проблеми и се пласираше на Мундијалот во Русија следното лето. Колумбија оди на Светско, Перу во баражот, Чиле отпадна.
Кога во квалификациите за Светско 2018 Меси играл за Аргентина, репрзентацијата освоила 15 од можни 18 бода. Без него во тимот освоиле само 7 од можни 21! Ете колку ќе им фали до крајот на циклусот квалификации за СП.
На 11. октомври пред три години во претпоследното коло од квалификациите за Мундијалот во Бразил играа Мексико и Панама. Мексиканците се бореа за гол живот и само победа ги оставаше во игра за Светското. Славеа 2-1 со неверојатен гол на Раул Хименез во 85. минута. Со тие три бода и победата на САД во последното коло против Панама во 94’ минута, Мексико се пласираше во Бразил.
Секој гостински натпревар за Јужно-американските репрезентации е ризичен затоа што на овој континент фудбалот неретко го гледаат како прашање на живот или смрт. Во една таква ситуација да водиш 0:2 на гости и да снема струја на стадионот не е баш пријатно.
Пред неколку недели, новинарите го прашале новиот селектор на Бразил, дали би сакал да го има шампионскиот состав од 1994. или оној од 1982 кој загубил од Италија и не влегол во полуфинале. Се одлучил за вторите а еве и зошто.
Јужноамериканските квалификации за Светско првенство или за Копа Америка редовно ни носат убави голови, добри дриблинзи и фешти од трибините. Од Еквадор денес стигна видео како полиција трча по најдобриот играч на оваа земја кој глумел повреда во амбулантно возило.
Дербито на Јужна Америка во рамките на квалификациите за СП 2018 во Русија доцна синоќа беше одложено поради поројни дождови во Буенос Аирес, каде Бомбониера беше потопена.
Група колумбијски навивачи тргнале на гостување во Чиле кога полицијата во нивните автобуси пронашла 575 килограми кокаин. Возачите и дел од патниците се уапсени.
Навивачите најчесто ги бројат головите и бодовите, но дали знаат на кој начин ФИФА ги рангира светските фудбалски селекции и колку бодови носат натпреварите меѓу земји од различни континенти? Позицијата на Македонија во 2014-та варираше од 73-то до 112-то место.