На само шест часа пред исклучително важниот дуел со Боливија на гости, ФИФА попладнево го суспендираше Меси 4 меча поради навреди и пцовки кои ги упатил кон бразилскиот помошен судија Емерсон Карваљо на средбата Аргентина - Чиле (1:0).
Главниот судија на мечот Сандро Ричи не го забележал инцидентот , но во меѓувреме чилеанската федерација доставила докази дека Меси брутално го пцуел помошниот судија.
На крајот од мечот Лионел одбил да се ракува со судиите. Аргентина едвај со гол токму на Меси од пенал го совлада Чиле и во моментов е 3-та на Конмебол квалификациите за Мундијалот во Русија. Аргентина во мометнов има 22 бода, само два бода повеќе од петтопласираниот Еквадор кој е на местото кое води во баражот. Покрај Меси, вечерва нема да игра ниту Игуаин кој има парни жолти картони и мора да отслужи казна од еден меч.
Are Argentina in danger of missing out on Russia 2018? pic.twitter.com/0f5jgem5Bz
— Bleacher Report UK (@br_uk) March 28, 2017
До крајот Аргентина ќе игра против Боливија (вечерва од 22:00), против Уругвај на гости, Венецуела дома, Перу дома и Еквадор на гости. Меси ќе може да се врати во последното коло кога „Гаучосите“ ќе му гостуваат на незгодниот Еквадор.
Боливија е стандардно тешко гостување за сите Јужно-американски селекции затоа што се наоѓа на голема надморска висина поради што на фудбалерите им е тешко да се приспособат.
Аргентина таму еднаш помина крајно лошо кога во 2010 загуби од Боливија со 6-1. Три години подоцна Меси и Анхел Ди Марија против Боливија играа со маски за кислород.