Колумбиски шверцери на гостување во Чиле

Група колумбијски навивачи тргнале на гостување во Чиле кога полицијата во нивните автобуси пронашла 575 килограми кокаин. Возачите и дел од патниците се уапсени.

Колумбиската полиција запленила повеќе од половина тон кокаин кој го пронашла во двата автобуси со кои повеќе од 150 навивачи на Колумбија патувале во главниот град на Чиле, со намера да го гледаат дуелот Чиле - Колумбија.
 
Двете репрезентации кои играа на Мундијалот во Бразил минатата година, во четврток ќе играат квалификацииски дуел за СП 2018. во Русија.
 
Откако поминале преку 500 километри, автобусите се застанати во Паст, на југот од Колумбија каде полицијата открила дека кокаинот е скриен во долниот дел од автобусот како и под седиштето на возачот. Веднаш се уапсени и двајцата возачи кои негирале вмешаност во шверцот.
 
Чиле, предводен од Артуро Видал и Алексис Санчез одлично ги почна квалификациите во Јужна Америка. Чилеанците имаат две победи, а Колумбија има еден пораз. Во меѓувреме, Хамес Родригез и Давид Оспина по доаѓањето во Сантијаго решиле да се возат со градски превоз. Немало инциденти и луѓето ги поздравувале на секој чекор.
 
12 ноември 2015 - 13:03