Во Јужна Америка ситуацијата со вирусот уште е нестабилна, а поради тоа страда и спортот.
Трофејниот гигант Ривер Плејт поради кластер во екипата има повеќе од 20 позитивни фудбалери и членови на стручен штаб. И тоа во пресрет на важен меч од Копа Либертадорес против Санта Фе од Колумбија, клуб кој за сега имал 5 позитивни
Сега славниот Марсело Гаљардо, кој на Ривер му донесе многу радости, останал со само 10 спремни фудбалери од кои 4 не одиграле ниту еден меч во сениорски фудбал и се младинци.
За ситуацијата да им биде уште позезната, сите тројца голмани се позитивни, немаат резервни регистрирани, па на голот против Санта Фе се очекува ракавиците да ги облече 35-годшниот фудбалер од средина на терен, Енцо Перез (на фото горе).
Перез е некогашен аргентински репрезентативец кој играше порано за Бенфика и Валенсија.
Овој играч е висок 177 сантиметри што е далеку од идеална висина за голман. Притоа Перез неколку дена отсуствувал поради повреда на потколеницата но докторите рекле дека е спремен да се појави на теренот.
И покрај тешката кадровска ситуација, КОНМЕБОЛ не му дозволил на Ривер дополнително да регистрира двајца голмани од резервниот тим па ќе мора играч да брани.
На 15 мај ситуацијата со заразени во Ривер и не била толку сероиозна, имале 10 случаи но во неделата Ривер го играше големото Суперкласико против Бока Јуниорс во четвртфинале од Купот на Професионална лига на Аргентина без нови 5 позитивни фудбалери.
„Милионерите“ издржаа до крај, го однесоа мечот на пенали но таму Бока беше поуспешна.