Целото рангирање започна на почетокот на '90-те години и со текот на времето создаде политика која сè повеќе им одговара на принципите на еднаквост. Сепак, во некои ситуации целото рангирање лесно се критикува и доведува до различни размислувања.
Бодовите кои ФИФА ги дава за генерален пласман на табелата значат престиж, подобра или полоша позиција на ранг листата и важност при секоја наредна ждрепка за континенталните натпреварувања.
За да се одреди рангирањето, ФИФА ги зема предвид сите меѓународни натпреварувања во кои играат репрезентациите во претходните четири години. Критериумите се усвојуваат според: резултатот од натпреварот, важноста на натпреварот, квалитетот на противникот и силата на Конфедерацијата (континентот) од која доаѓа репрезентацијата.
Целото рангирање, ФИФА го врши според математички параметри: Р = М х I x Т x CP.
P = Вкупната вредност на освоените бодови на натпреварот;
M = Вкупната вредност на резултатот од натпреварот кои изнесуваат 3 од победа, 1 од реми и 0 бодови од пораз. Во случај на победа после пенали, победникот добива 2 бода, а поразениот 1 бод;
I = Важноста на натпреварот ја објаснува вредноста на важноста која варира од 1 до 4 освоени бодови. Победа на пријателски натпревар носи 1 бод, победа на дуел од квалификации за СП или ЕП, Куп на Африка, Америка или друг сличен Куп носи 2,5 бодови, триумф на дуел од континенталните натпревари и на ФИФА Купот на Конфедерации вреди 3 бодови, а учество на натпревари од ФИФА СП носи 4 бодови;
T = Силина на противникот, го објаснува квалитетот и на која позиција на ранг листата е противничката селекција;
C = Силина на Конфедерацијата од која доаѓаат двете репрезентации, според која се пресметува просечната вредност на двете конфедерации од кои доаѓаа различните репрезентации, така што:
- КОНМЕБОЛ носи коефицент 1,00: Јужно-американска конфедерација, 10 земји, го организира Купот на Јужна Америка;
- УЕФА (0,99): Унија на фудбалските асоцијации од Европа, 54 земји, го организира ЕП;
- АФЦ - Азиска фудбалска конфедерација (0,85): 46 земји, го организира Купот на азиски нации;
- ЦАФ - Африканска фудбалска конфедерација (0,85): 56 земји, го организира Купот на Африканските нации;
- ОФЦ - Фудбалска конфедерација на Океанија (0,85): 14 земји, го организира ОФЦ Купот на Нации (Континентален куп на нациите);
- КОНКАКАФ - Фудбалска конфедерација на северна и централна Америка и Карибите (0,85): 41 земја, го организира Златниот Куп на КОНКАКАФ.
Според последната ранг листа, македонската фудбалска репрезентација годинава е 100-та селекција во светот со 324 бодови. Германија, како освојувач на СП е прва со 1725 бодови, дури 407 поени повеќе од првата ранг листа годинава на 16. јануари. На подиумот годинава ќе завршат Аргентина и Колумбија. Најголемо изненадување е Белгија, која од 11-та во јануари, годината ја завршува на четвртото место. По дебаклот на СП во Бразил, Шпанија е дури деветта, со околу 400 бодови помалку од јануари.