Според најновото рангирање на ФИФА и покрај тоа што немаше настап, фудбалската репрезентација на Македонија напредуваше три позиции во однос на минатата ранг листа и сега е 100-та селекцијата во светот.
Од нашата квалификациска група за ЕП 2016 година, Белорусија скокна за две места и се наоѓа само едно место пред нас. Украина е на 25-та позиција, Словачка 21-ва, Луксембург 128-ма, а Шпанија на 9-то место.
Во топ 10 листата ситуацијата останува не променета и таму се Германија, Аргентина, Колумбија, Белгија, Холандија, Бразил, Португалија, Франција, Шпанија и Уругвај.
Во текот на оваа година Македонија бележеше драстични промени во рангирањето. Најдобриот пласман го имаше во месец март кога беше на 73-то место, а историски пад од 36 позиции одбележа во септември кога се најде на 112 позиција.
Нашиот национален тим во досегашниот дел од овој квалификациски циклус има три порази и една победа, а следниот меч го игра на 27 март против Белорусија пред своја публика.