Обилните дождови во Аргентина не дозволија натпреварот меѓу Гаучосите и Кариоките да се одигра во предвидениот термин, во 01:00 часот по централно европско време и ќе се игра во истото време во сабота.
По правилата, судијата Антонио Ариас од Парагвај излезе на теренот на 45 минути пред почетокот на мечот и го потврди она што се очекуваше, дека нема услови за игра. Во исто време, претставниците на обете фудбалски федерации се согласија со одложувањето. Инаку и Аргентина и Бразил имаа лош старт на квалификациите, Селекао освои три бода на два меча а Аргентина има само еден бод после две кола.
Во дуелите од третото коло од КОМНЕБОЛ зоната синоќа се постигнаа резултати:
Еквадор - Уругвај 2-1 (1-0)
Боливија - Венецуела 4-2 (3-1)
Чиле - Колумбија (00:30)
Аргентина - Бразил (01:00)
Табела: Еквадор (+1) 9, Уругвај (+1) 6, Чиле 6, Парагвај 4, Бразил 3, Колумбија 3, Боливија (+1) 3, Аргентина 1, Перу 0, Венецуела (1+) 0.
За сторијата на дуелите меѓу Аргентина и Бразил тука.