ТРАНСМЕТ со срце на терен до победа над Лукоил

Рамстор и Трансмет со победи го заокружија второто коло од Бизнис лигата на Македонија.

ТРАНСМЕТ со срце на терен до победа над Лукоил
Лукоил 3-7 (1-5) ТРАНСМЕТ
Лукоил: Владимир Секулоски 13’ Мартин Алаѓозовски 21’ Васко Стефанов 40’
ТРАНСМЕТ: Бобан Велјановски 7’ 14’ 18’ 25’ Живко Стојковски 9’ Един Скендеровиќ 17’ Енис Саки 30’

Второто коло од Бизнис Лигата на Македонија го отворија екипите на Лукоил и ТРАНСМЕТ. Екипата на ТРАНСМЕТ уште на самиот почеток од овој натпревар влезе максимално мотивирано и преку одлично контролиран напад успеа да ги пронајде пукнатините во одбраната на Лукоил. Екипата на Лукоил немаше решение за Бобан Велјановски кој успеа да постигне хет-трик уште во првото полувреме и беше најзаслужен за високите 1-5 за екипата на ТРАНСМЕТ. Во второто полувреме екипата н Лукоил постигна гол на самиот старт, но ТРАНСМЕТ имаше своја вечер и не дозволи Лукоил да им се приближи. Трансмет го доби овој натпревар со 3-7.

Рамстор со одлична реализација до победа над ЕВН
ЕВН 3-5(0-2) Рамстор
ЕВН: Слаѓан Божиновски 28’ Хабиб Буњаку 38’ Александар Димовски 39’
Рамстор: Авни Воша 16’ Ведат Арслан 20’ 29’ 38’ Енис Мурселов 34’

Последниот натпреар во второто коло од Бизнис Лигата на Македонија го одиграа екипите на ЕВН и Рамстор. На самиот старт иницијативата ја имше екипата на Рамстор која во добро организиран напад со брзи проигрувања успеваше да изнуди отворени шутеви кон голот. Екипата на ЕВН не успеа да влезе во ритам и по две грешки во одбраната Рамстор успеа да реализира па ЕВН го загуби првото полувреме со 0-2. На самиот старт на второто полувреме Рамстор го зголеми водството со што го принуди ЕВН да игра со голман-играч. Играт

14 октомври 2016 - 10:58