Во сабота на квалификацискиот меч против Малта, 46-годишниот Гарет Саутгејт првпат ќе ја води Англија како привремен селектор. Ако се докаже, можеби ќе остане водач на „Гордиот Албион“.
Роден во Кроули, Саутгејт почнал да тренира фудбал во Кристал Палас каде ги поминал буквално сите категории, од петлиња до пионери и кадети, младинци и прв тим.
Кога на 14 години го донеле во Кристал Палас, тој се изразувал културно, носел кардиган и знаел како со незгодните дечки од јужен Лондон во ’80-те години. На првите тренинзи во клубот покажувал голема работна етика и бил доста педантен. Било далеку од сигурно дека брзо ќе стане професионален фудбалер, затоа што во клубот имало поталентирани деца од него, но Саутгејт напредувал во секоја старосна категорија и бил капитен на секоја генерација.
„Ништо не му било поклонето. Сè што достигна во животот постигна со макотрпна работа, уште од неговото деби за Палас па до дебито во репрезентацијата. Луѓето не веруваат во тоа затоа што Гарет потекнува од средно-високо класа, но во фудбалот тоа не игра улога. Палас во доцните ’80-те години беше близу Вимблдон, познат по лошите друштва“, раскажува Алан Смит, првиот тренер на Саутгејт во Палас со кој се знаат повеќе од 30 години.
Саутгејт бил капитен на резервниот тим на Кристал Палас а понекогаш играл и по два меча на ден. Во сабота играл за младинците, па за резервниот тим. „Немавме многу играчи во резервниот тим, па го викавме. Тоа го направи уште посилен“, додава Смит.
Ваквиот фудбалски пат му помогнал на Саутгејт да се носи со тешките фудбалски ликови како со Рој Кин во ФА Купот на Вила Парк во 1995. година.
„Проба да ми ја скрши ногата во полуфиналето. Среќа го избегнав стартот и гледав да немам работа со него“, изјави неделава лудиот Ирец Рој Кин за привремениот англиски селектор.
Борбениот дух и жестината во дуелите го направиле Гарет најсаканиот играч каде и да настапувал.
„Саутгејт беше идеален фудбалер за соработка. На теренот пренесуваше што и да посакаш. Ако не се согласуваше со тоа, отворено кажуваше. Беше искрен капитен на екипата“, се сеќава првиот тренер на Саутгејт.
Дан Виндас кој играл со Саутгејт во Мидлзборо од 2001 до 2003 исто бил импресиран од соиграчот и покрај разликата во карактери.
„Беше џентлмен, пријатен фамилијарен човек. Важеше за лидер. Кога се шверувавме во школскиот автобус, сите седеа позади само Гарет застануваше напред. Понекогаш се шегувавме на сметка на неговиот нос, но никогаш да го навредиме. Мислам дека и сам се смееше за тоа“, вели Виндас.
Никој не претпоставувал дека Саутгејт би можел да стане тренер, никогаш не зборувал за тоа, па така ја изненади јавноста кога одлучи да го преземе Мидлзборо пред 10 години. Во меѓувреме од 2013 до октомври годинава ја водеше Англија У21 и У20 со кои оствари големи резултати.
„Некој кажа скоро дека работата премиер на Англија и селектор на Англија е иста работа. Мислам дека Гарет би можел да се снајде добро и во Даунинг Стрит, има квалитет да биде и премиер“, вели Јан Тејлор поранешниот соиграч на Саутгејт во Мидлзборо од 1995 до 2001.