Диего Алвес од Валенсија

Голманот со медалјонот кој ги брани сите пенали во Шпанија

Како мал бил буцко и сакал да дрибла како Пеле, Гаринча и Ромарио, но другарите му се смееле поради што се вратил на голот. Против Атлетико фати два пенали и стана рекордер по одбранети единаестерци во шпанската Примера. Суеверен е и секогаш оди со медалјонот од Пресвета Богородица.

Диего Алвес е кралот на пеналите. Кога го прашале за оваа умешност, тој само кажал дека се работи за интуиција и среќа. Но има и една тајна: На крајот на секоја недела Диего оди во тренинг кампот на Валенсија во Патерна и на усб ги гледа пеналите на сите напаѓачи во лигата.

Алвес бил домашен човек. Целото време го минувал со семејството а дента пред секој натпревар седнува на компјутер и ја анализира играта на противничките фудбалери.

Диего внимателно гледал како фудбалерите ја примаат топката, аголот од кој одат кон голот и како го движат телото и рацете воопшто. Потоа го следи секој чекор на напаѓачот во ситуациите еден на еден, ситуации во кои Лопес често ги скротува најопасните центарфори во Ла Лига.

Способноста да ги тумачи говорот на телото и однапред да знае каде ќе полета топката го направиле Диего одличен голман кој важи за најдобриот пеналџија во Шпанија. За девет години кон голот на Алвес се извеле 45 пенали од кои само 21 завршиле во мрежата. Бразилецот во просек брани 48,8 од изведените пенали.

Со одбранетиот пенал на гостувањето против Леганес, Алвес го надмина дотогашниот рекордер и поранешен голман на Валенсија и Барселона, Андони Зубизарета. Притоа баскискиот голман во Примера настапи повеќе од сите останати, одигра дури 622 меча а од 102 пенали одбранил 16.

Неверојатната серија на Диего Алвес почнала со шутот на Фредерик Кануте во сезоната 2007/2008 и заврши со два одбранети пенали неодамна против Атлетико Мадрид. Замислете, на два меча во Примера голман да одбрани три пенали. Овој факт тешко се сложува со податокот дека од двете средби „Лилјаците“ освоија вкупно три бода.

Алвес постојано е поуспешен од најголемите ѕвезди: Им одбрани пенали на Кристијано Роналод, Лионел Меси, Иван Ракитиќ, Диего Коста, Нејмар, Фернандо Љоренте, Карлос Бака. Но ништо не може да се измери со неговиот перформанс против Атлетико Мадрид.

Во финишот на првиот дел, при резултат 0:0, пеналот за Атлетико го изведе Антоан Гризман. Алвес веднаш почна психолошка војна: кога Французинот ја стави топката на белта точка, Бразилецот тргна кон него, го погледнал во очи и го прашал како после толку промашувања тој повторно шутира пенал?

Голманот на Валенсија направи неколку магични движења и тргна кон голот, а „Местаља“ тивко шепотеше: „Алвес, Алвес“! А само некоја минута подоцна стадионот експлодираше затоа што со одбранетиот пенал Диего Алвес го престигна Зубизарета. На Алвес му аплаудирал дури и неговиот истоименик Симеоне од клупата.

Во второто полвуреме Гризман се извади за промашениот пенал и даде гол за водство на Атлетико од 0:1, а само неколку минути подоцна Марио Суарез го собори Французинот во казнениот простор и судијата одново покажа на белата точка. Овојпат Гризман се повлече и пеналот тргна да го изведува Габи, најискусниот фудбалер во Шпанија кој е почитуван на секој стадион идентично како и Иниеста.

Но тоа не му значеше многу на бразилскиот голман кој го скроти и вториот пенал на мечот и стана првиот голман во историјата на Ла Лига кој одбранил два единаестерци на еден натпревар. 

Диего Алвес сега е најважниот првотимец на Валенсија, иако летово после Копа Америка тој имаше можност да направи трансфер во друг клуб. Не беше дел од планот на Валенсија за новата сезона и поради катастрофалната сезона лани „Лилјаците“ завршија 12-ти и не обезбедија место во Европа. Поради тоа и самиот Алвес сакаше да замине.

Спортскиот директор на Валенсија, Сусо Гарсија Питарч лично барал нов клуб за Алвес поради неговата висока плата. Како резултат на тоа многу екипи не биле спремни да му даваат толку голема месечна плата и Диего остана на „Местаља“ каде продолжи да фаќа пенали, да го спасува тимот и да брка рекорди. Најинтересен дел од целава приказна е сосема друг. Во детството Диего не сакал да биде голман, иако многу го бивало за тоа. Бил буцко но се фрлал по секоја топка.

Како дете Диего сакал да биде напаѓач и ги имитирал дриблинзите на Пеле, Гаринча, Зико и Роналдињо но тоа делувало чудно и другарите му се смееле, поради што се вратил на голот.

Диего Алвес е роден во Рио де Жанеиро во 1985. година - една година пред Мундијалот во Мексико каде Бразил стигнал до осминафиналето а таму загубил на пенали од Франција. Клучен збор повторно се пналите. Малиот „Кариока“ ја почнал кариерата во Ботафого и мечтаел да стане како Клаудио Тафарел - легендарниот голман кој во финалето на Светското 1994-та го одбрани пеналот на Даниеле Масаро, а потоа гледаше како Роберто Баџо го промаши цел гол.

Алвес дебитирал за Атлетико Минеиро во 2004. година а после три сезони се нашол на тлото на Европа. Во Алмерија стигнал на 21 година, а во тој период негоата тетка која била многу религиозна му дала медаљон со ликот на покровителката на Бразилската црква Дева Марија Апаресидска.

„Со мене се случи нешто многу добро и сè повеќе се свртев кон Бога“, раскажувал тогаш голманот.

Иконата на Пресвета Богородица често ја носи на своите ракавици. Пред секој меч два пати го бакнува медаљонот од тетка му и го носи со себе на голот: „Верувам многу и овој семеен подарок секогаш го носам со мене“.

Медаљонот го става веднаш до стативата. На „Местаља“ на тоа место претходно стоеше црвениот пешкир на суеверниот Сантијаго Кањизарес. Во 2002. година на гостинскиот меч со Бетис, шпанскиот голман бил многу исплашен кога не го видел пешкирот до својот гол. Некој навивач го земал, а подоцна му го нудел назад за 30 марки. На крајот решил да му го врати: „Среќа што не го испрале, добро е“, изјавил Кањизарес неколку недели подоцна.

Слично нешто еднаш му се случило и на Диего Лопес, кога некое дете задолжено за топките го земало неговиот медаљон, но овде за разлика од случајот со Кањизарес се добро се завршило. Му го вратиле медаљонот без поголеми проблеми и тој продолжил да го носи.

Диего не е типичен Бразилец кој игра самба, сака ноќни проводи и латино танци. Тој важи за мирен дечко кој многу време минува со жената и децата. Сакал да чита и на сите им ја препорачува биографијата на легендарниот Аиртон Сена. Во кола ја слушал бразилската Шакира, Ивеч Сангало и многу сакал да патува. Додека играл во јужна Шпанија, Алвес имал време да посети многу знаменитости од овој регион: Неверојатната Алхамбра, историската џамија во Гранада и златната кула Торе дел Оро, како и многу живописни места.

Од Алмерија нема само убави спомени. На стадионот каде дебитирал во шпанскиот фудбал на крајот од сезоната 2014/2015 сериозно го исчашил рамото. Валенсија тогаш славела 2:3 и успеале да го освојат четвртото место кое ги однело во квалификациите за ЛШ. Но повеќе од половина од минатата сезона Алвес ја пропушти. Се врати во тимот пред крајот кога Валенсија се спасуваше од испаѓање во Сегунда.

Но како и во случајот со медаљонот, се дошло на свое место. Алвес застана повторно на голот. Гери Невил конечно бил далеку од Валенсија.

„Пеналот е дуел, психилошки судир меѓу двајца луѓе. Бара интуиција и важно е да се прочита движењето на напаѓачот. Голманот не треба да се плаши и треба да верува во своите рефлекси“, раскажа неодамна Диего Алвес. 

Признава дека не сака да брани пенали и дека најсреќен е кога ќе му помогне на тимот да победи. За жал, Диего на последниот меч одбрани дури два, но екипата изгуби. Со својата игра Алвес ја одржува Валенсија во средината на табелата, нешто што лани беше незамисливо. Тој е најзаслужен што луѓето во овој град и натаму одат на фудбал секоја недела.