Таг: пеналџија

На нерви почнаа да одат ваквите пенали

Кога тогаш ќе се најде некој голман на кој ќе му дојде преку такво, ќе се стрча, ќе ја рогне на трибини пред овој да ја изведе и ќе му рече шутирај ако шутираш, пола век те чекам. Инаку дрвачов е од Јапонија и подобро да не го видат Ѕаѕа и Погба.

Па зарем смее вака да се шутира пенал?

Па уствари и зошто да не смее, кога тука сè е регулар, само што вакво мајтапење со голман не сме виделе до сега.

Лажеш, не е реално да постои ваков пенал

20 пати го вративме ненормалниов за да сконтаме што направи и уште не ни е јасно како можеше да изведе ваква лева - десна надреална комбинација. Тоа пируетата па да не ја збориме.

Во Австралија да видите вие како се изведува паненка

Толку ни изгледа ова ризично што мислевме дека голманот ја фаќа 100% и покрај тоа што се фрли на друга страна. Но ете пеналџијава од Бризбен изгледа доста ја вежбал оваа мајсторија па ја смета за сигурица.

Епска изведба на пенал

Изведува Џејсон Квињонес Ангуло, колумбиски фудбалер во тимот на Пасаквина од Ел Салвадор.

Клаудио Браво асли пеналџија

Пеп Гвардиола маестрално го ротира составот и за помалку важните натпреварувања му играат резервите кои во било кој друг тим би биле првотимци. Така голманот ветеран од Чиле ја искористи секоја дадена шанса сезонава и брани пенали како луд.

Голманот со медалјонот кој ги брани сите пенали во Шпанија

Како мал бил буцко и сакал да дрибла како Пеле, Гаринча и Ромарио, но другарите му се смееле поради што се вратил на голот. Против Атлетико фати два пенали и стана рекордер по одбранети единаестерци во шпанската Примера. Суеверен е и секогаш оди со медалјонот од Пресвета Богородица.

Најдобриот пеналџија на светот брани за Валенсија

Кога еден голман ќе одбрани 19 пенали од 41 меѓу кои и оние изведени од Меси, Кристијано Роналдо, Гризман, Диего Коста и Фалкао тоа значи дека се работи за најдобриот пеналџија на светот во моментов. Попладнево Валенсија загуби 0:2 од Атлетико Мадрид, но јунак на средбата беше Бразилскиот голман Диего Алвеш кој фати два пенали.