Во вторникот вечерта Манчестер Сити го совлада Лестер на пенали (во основното време дуелот заврши 1:1, а пеналите 4:3) и се пласираше во полуфиналето на Лига Купот. „Граѓаните“ втор пат по ред се протнаа во следната рунда благодарение на пеналите: во осминафиналето против Вулверхемптон после пенал рулет отидоа во следна фаза.
Ваквото сценарио на најдобрата екипа во Англија сезонава е поврзано со ротацијата: Лига Купот е трет приоритет во домашните турнири, таму Гвардиола ги пушта резервите. А клупата им е толку силна што резерви им се Илкај Ѓундоган, Јаја Туре, Бернардо Силва и голманот на репрезентацијата на Чиле Клаудио Браво.
За еден од подобрите чувари на мрежата на Светското 2014 средбите од Лига Купот се единствена шанса да се слушне за него. Чилеанецот (34) ја утна работата минатата сезона: не беше воопшто лош во играта со нозе (за што збореше и Пеп), но примаше голови од секој втор-трет удар на голот. Го разочара стручниот штаб и со тек на време го изгуби местото на голот кое му припадна на Вили Кабаљеро.
Летото се стана безнадежно: Едерсон, купен за 40 милиони евра од Бенфика го забетонира Браво на клупата за резерви. Сезонава Клаудио брани само во Лига Купот (сите три меча во целост). Има и 46 минути во Премиер лигата но тоа случајно кога на дербито со Ливерпул го смени Едерсон кој се повреди при дуел со Садио Мане.
Но кога се работи за пенал серија, Браво (34) е најдобар на цел Остров. Против Лестер не му дадоа гол од пенал главните ѕвезди на домаќинот: Џејми Варди (промаши но Браво ја пипна топката) и Ријад Марез (одбрана на Браво).
Claudio is back ⛔️ @C1audioBravo 🤙🏾 pic.twitter.com/5v4fMPLKOM
— Benjamin Mendy (@benmendy23) December 19, 2017
Најмногу од сите го пофали соиграчот Илкај Ѓундоган (и тоа после пеналите против Вулверхемптон): „Он едноставно е убиец во серија пенали! Го покажа тоа и во репрезентацијата на Чиле, а минатата недела одбрани еден куп пенали на тренинг на Сити“.
Ова е трет пат како Клаудио излегува победник на пенали за пола година. Најпознатиот пенал-рулет се случи во полуфиналето на Купот на Конфедерации против Португалија: тогаш Браво ги одбрани сите три пенали и не му дозволи на Роналдо и другарите да играат во големото финале.
Според Артуро Видал Браво претходно ветил дека ќе одбрани 2-3 пенали ако стигне натпреварот до таму. Самиот Клаудио бил скромен: „За постигнување такви резултати треба да се трудиш, да тренираш напорно, да ги анализираш своите противници. Ние работевме и се спремавме за нив. Секогаш знаев што треба да правам“.
И претходно, во 2015-та и 2016-та Браво го оставаше Лионел Меси без Копа Америка - и во двете финалиња против Аргентина која повеќе од 25 години не се радувала на овој пехар Чиле ги победуваше на пенали а јунак беше токму Клаудио Браво.
3 пенал серии на Клаудио Браво за шест месеци:
1/2 финале на Куп на Конфедерации:
Против Португалија - 3 одбрани од 3 пенали;
Англиски Лига Куп:
Против Вулверхемптон - 2 одбрани од 3 пенали;
Англиски Лига Куп:
Против Лестер - 2 одбрани од 5 удари