Бетис ја совлада Рома на Олимпико 1:2 и тоа со пресврт и има 3 од 3. Клаудио Браво ептен му го расипа ќеифот на Дибала кој ќе го имаше еден од најјаките голови сезонава во Лига Европа. Коментаторот повторуваше браво Клаудио, браво Клаудио и во еден момент се поднасмевна под брк.
Познати како хиперактивни, помалку позитивно блесави, голманите си бркаат работа во карантин и во изолација. Нив им е потешко зошто мора да најдат некои кои ќе им шутира, а да не се жените и децата. Пример за тоа е Чилеанецот Клаудио Браво.
Пеп Гвардиола маестрално го ротира составот и за помалку важните натпреварувања му играат резервите кои во било кој друг тим би биле првотимци. Така голманот ветеран од Чиле ја искористи секоја дадена шанса сезонава и брани пенали како луд.
Европските прваци нека не се чудат што не успеаа да му дадат ниту еден гол од пенал на Клаудио Браво. Чилеанецот е мајстор за бранење пенали уште од млади години. Ова негова акробатска одбрана се случи кога ја освои титулата со Коло Коло во Чиле пред 11 години, што е негов прв трофеј во кариерата.
Селекциите на Чиле и Португалија ги одиграа најкратките пенали на репрезентативните континентални натпреварувања, кои всушност се случуваат по втор пат после 29 години. Најнеефикасниот резултат на пенали е 2:0.
Голманите имаат посебна страст да излезат надвор од својот гол, да дриблаат, да избијат топка со глава, да бидат во улога на петтиот одбранбен играч. Тоа често скапо ги чини.
Пред големото дерби Сити - Арсенал минатиот викенд, Пеп Гвардиола им дозволил на играчите да излезат на теренот во дресови со бројот 8 во чест на тешко повредениот Илкај Гундоган кој ќе паузира неколку месеци. Кога во тунелот се сретнаа Алексис Санчез и голманот на Сити Клаудио Браво, Чилеанецот го прашува Мексиканецот: „Гундоган? Некој од младинците“?