Дрим тимот на Барселона на колена (1993/1994)
Иако беа бранители на трофејот и беа убедени дека ќе го одбранат, сепак дрим тимот на Јохан Кројф помина многу лошо во Атина. Силниот Милан предводен од Фабио Капело славеше со 4:0, финале кое ќе се памети по лобот на Дејан Савичевиќ кој го матираше Зубизарета.
Младите сили на Ван Гал доминираше против Баерн Минхен
На пат кон историскиот трофеј, младиот тим на Ајакс успеа да го елиминира Баерн Минхен во полуфинале со вкупни 5:2. Неколку идни играчи на Барселона беа стрелци, како јари Литманен, Роналд де Бур и Марк Овермарс. Во финале падна Милан со голот на Франк Рајкард во 85-та минута.
Колапс на голот на Реал Мадрид (1997/1998)
Реал Мадрид и Борусија Дортмунд во април 1998-ма го играа првото полуфинале во ЛШ, а публиката беше сведок на една невообичаена глетка. Ултрас навивачи се испентарија на стативите, но тие не издржаа, а мечот доцнеше еден час бидејќи домаќините мораа да бараат замена.
Мијатовиќ ја обезбеди седмата титула (1997/1998)
Реал Мадрид ја чекаше европската круна 32 години, а им ја донесе Предраг Мијатовиќ со гол во 66-та минута против Јувентус на Амстердам Арена.
Јунајтед славеше во 'Fergie time' (1998/1999)
Се беше скоро готово за Баерн Минхен да го крене пехарот на финалето на Камп Ноу, но Манчестер Јунајтед беше познат по постигнување голови на крај. Теди Шерингам и Оле Гунар Солскер во 91-ва и 93-та ја анулираа предност на Германците кои водеа со погодокот на Марио Баслер за делириум меѓу англиските навивачи.
Петицата на Редондо (1999/2000)
Одбраната на Европскиот првак не беше на ниво следната сезона и прими три гола од Реал Мадрид во четвртфиналниот двобој. Реал славеше 3:2 против Манчестер Јунајтед, но потегот кој ја одбележа ноќта беше Фернандо Редондо.
Солзите на Канизарес (2000/2001)
Еден од моментите кои не се забораваат од финалињата е кога Сантијаго Канизарес не можеше да се помири што со Валенсија губи две финалиња по ред. По поразот од Реал од 3:0, следуваше финале со Баерн кој беше подобар на пенали. Човекот кој отиде да го теши се вика Оливер Кан.
Магијата на Зидан (2001/2002)
На Хампден Парк во Глазгов каде Реал Мадрид во 60-те го оствари еден од најголемите триумфи, составот на Висенте дел Боске се сретна со Баер Леверкузен. Тоа финале ќе се памети се знае по кој потег. Волејот на Зидан по една нафрлена топка на Роберто Карлос. Голот оди во историјата како еден од најубавите постигнат во ЛШ.
Пршо го понижи Депортиво (2003/2004)
Хрватскиот репрезентативец Дадо Пршо прослави 29-ти роденден како никој до сега. Постигна 4 гола на мечот од групата Ц против Депортиво Ла Коруња, а Монако победи 8:3.
Пресвртот кој изгледаше невозможен (2003/2004)
Депортиво Ла Коруња требаше да анулира негатива од 4:1 во четвртфиналната пресметка против Милан. Росонерите тогаш имаа играчи од калибарот на Шевченко, Кака и Пирло, но на реваншот беа немоќни и загубија 4:0. Во полуфинале замина Депортиво.
Потегот на Роналдињо на Стемфорд Бриџ (2004/2005)
Барселона беше елиминирана од Челси во осминафиналето со 5:4, но во меморија ни остана голот на Роналдињо од место.
Одбраната на Дудек (2004/2005)
„Дури и денес не можам да поверувам дека топката не влезе во гол“, вели Андриј Шевченко за финалето во 2005-та кога Милан водеше 3:0 на полувреме против Ливерпул, а на крај загуби на пенали. Во продолженијата од мечот Дудек спаси чист гол при ударот на украинскиот напаѓач. Мечот беше крстен „чудото во Истанбул“.