УНИКА убедлива во дуелот со ФАКОМ

Во вториот ден од 3. коло во Бизнис лигата на Македонија УНИКА го декласираше ФАКОМ, а до победи стигнаа и екипите на Гранит и ЈСП.

Гранит во тесна завршница до победа над Адмирал
Гранит 4-3(3-1) Адмирал
Гранит: Стеван Митревски 6’ 7’ Пепи Мицев 11’ Семир Прентиќ 28’
Адмирал: Мирослав Спасовски 19’ Јован Качевски 26’ Стефан Серафимовски 29’

Екипите на Гранит и Адмирал влегоа во овој натпревар со висока мотивација и целосен акцент на играта во нападот, офанзивата ја имаше екипата на Адмирал која беше настојчива и целосно напаѓачки ориентирана но Гранит со цврста одбрана која му овозможи брзи контра напади успеа да реализира благодарение на Стеван Митревски кој со два гола му донесе предност на Гранит. Во ваката игра кај Гранит се приклучи и Пепи Мицев па гранит имаше 3-0 во 11-та мнута. Екипата на Адмирал се обиде со голман-Играч во своите редови да ја намали предноста што им појде од рака во 19-тата преку Мирослав Спасовски и со 3-1 се замина на полувремето. На самиот старт од второто полувреме екипата на Адмирал продолжи да игра отворен и офанзивен фудбал и во 26-тата минута преку Јован Качевски кој ја искористи грешката на одбраната на Гранит успеа да намали на 3-2, но Гранит не се предаваше така лесно па возврати преку Семир Прентиќ во 28-та минута и успеа да ја сочува предноста од еден гол до самиот крај на натпреварот.

Во крајно израмнет натпревар ЈСП до победа над Лукоил
Лукоил 4-5 (3-2) ЈСП
Лукоил: Дејан Зиков 6’ Жарко Климкаров 18’ Мартин Алаѓозовски 20’ Игор Дамјаноски 30’
ЈСП: Даниел Антовски 7’ 32’ Томи Петковски 18’ Љупчо Павловиќ 24’ Марјан Србиновски 32’

Екипите на Лукоил и ЈСП одиграа прво полувреме полно со возбуда во кое речиси секоја акција завршуваше со удар кон голот се играше доста брз и отворен фудбал во кој прва до водство дојде екипата на Лукоил преку Дејан Зиков во 6-та минута, но ЈСП за неполна минута успеа да возврати преку Даниел Антовски. Во преостанатиот дел од полувремето се играше егал се до самиот финиш кога Лукоил на грешка на ЈСП упеа да стекне предност од 3-2 со кои заминаа на полувремето. Екипата на ЈСП уште на самиот старт на второто полувреме успеа да израмни преку Љупчо Павловиќ по што идентично како во првото полувреме следеше менување на водството но овој пат ЈСП ја имаше предноста од гол разлика која ја задржа до крајот и го доби овој натпревар со резултат од 4-5.

УНИКА убедлива во дуелот со ФАКОМ
ФАКОМ 3-13(0-5) УНИКА
ФАКОМ: Горан Мауровски 22’ Боро Мисердовски 22’ 40’
УНИКА: Александар Петрушевски 10’ 22’ Арбен Нухиу 12’ 27’ 32’ 34’ 39’ Бенјамин Граинца 11’ 18’ 20’ 27’ 38’ Бесим Нухиу 30’

УНИКА и ФАКОМ во меѓусебниот дуел уште на самиот старт влегоа со голман-играч. Екипата на ФАКОМ ја имаше иницијативата на стартот но не успеа да реализира неколку отворени шанси за гол по што следеше офанзива на Уника која направи целосен пресврт во своја полза и успеа на полувремето да оди со високи 0-5. Второто полувреме го отвори екипата на ФАКОм која успеа да постигне гол уште во раната фаза од полувремето, но УНИКА имаше своја вечер беше расположена за игра не дозволи никакви изненадувања па го доби овој натпревар со високи 3-13.

19 октомври 2016 - 13:50