Разбирлива е одлуката на надлежните во Дизниленд; тие дале милиони долари да го привлечат и задржат вниманието на своите чудесии а луѓето упорно се занимаваат со себе. Па како без селфи стик ќе останат спомени? Па нека памтат малку.
Откако Ципрас одлучи да не ги прекршува сам ветувањата што ги даде на изборите, туку да сподели одговорност со народот и предлог пакетот за спас да го стави на референдум, истиот тој народ почна да се реди пред банкоматите низ Грција, уште од 2 часот наутро.
Во Есен беа пуштени во погон неколку градски автобуси на кои јасно се обележени седиштата за германски граѓани и за оние другите. За да се задржи историската веродостојност седиштата за овие вторите се во задниот дел од автобусот.
Еден од одговорите на Томас Едсал во колумната за Њујорк Тајмс е дека иако приходите на најсиромашните се паднати, во исто време поевтинуваат и голем број производи - мобилни, клима, телевизори, компјутери... Ама не е до тоа.
Најпрестижниот Гренд слем се одржува по 129 пат, а 48-ми во новата ера. Бранител на титулата е Новак Ѓоковиќ, а во женска конкуренција Петра Квитова. Најтрофејни се Пит Сампрас и Рожер Федерер со 7 освоени титули, а кај жените Мартина Навратилова со 9 трофеи.
Две години откако беше фатен дека има паралелна врска со една од вработените (она 20 и нешто, он скоро па 40), Сергеј Брин деновиве многу тивко и без многу ширење информации се разведе од својата сопруга.
За фудбалски натпревар кој завршил со кошаркарски резултат не мора да копаме примери само од Мадагаскар. Нешто слично се случи и во селата Велгошти и Долно Лакочереј, а битката била да се влезе во Пелагонија.
Следбениците на едeн од најморонските ограноци на христијанството тврдат дека црквата годишно троши меѓу 200 и 300 илјади долари само на патни трошоци.
Скриените камери со девојчето дух во Бразил се смешни во однос на тоа што му го приредија на Маџид Багура, фудбалерот што играше за Глазгов Ренџерс, Шефилд и Чарлтон во Премиер лигата.
24 јуни освен по раѓањето на Меси, ќе се памети и како датум на кој беше одигран и најдолгиот меч во историјата на тенисот. Се случи на Вимблдон 2010 година.
На Сантијаго Бернабеу врие како во котел, откако играчите се свртеа против управата. Рамос, Роналдо и Касиљас, секој од свои причини се револтирани од односот на Флорентино Перез.
На 61 година во авионска несреќа почина Џејмс Хорнер, еден од елитните холивудски композитори. Работел и по 16 часа дневно, а во една година знаел да направи музика и за повеќе од десет филмови. И сите тие не би биле она што се без неговите композиции.
Поглаварот на Римокатоличката црква ги потсети денешните големи сили на едно непријатно прашање од Втората Светска војна: Кога веќе Сојузниците знаеле за ужасот во Аушвиц, зошто никогаш не ги бомбардираа железничките линии кои водат кон овој логор на смртта?
30 години од првата титула со Лејкерс и 24 години од јавната објава дека боледува од СИДА, денес поранешната НБА ѕвезда е претприемач со енормен успех кој учествува и во политичкиот живот на САД.
Годинава околу 300 луѓе ќе се пријават за работа како чувари во казненопоправни установи во еден затвор во земјата. Од нив само 30 ќе бидат примени во тренинг програмата. Само за да минеш квалификации треба да имаш коефициент на интелигенција над 100.
Кандидатот со најголеми шанси да стане старо-нов претседател на Барселона изјави дека поранешниот француски репрезентативец Ерик Абидал ќе биде технички секретар во управата, доколку тој победи на изборите во клубот.
Возачот на Мерцедес, Нико Розберг победи на трката за големата награда на Австрија и ја намали бодовната разлика со Луис Хамилтон во генералниот пласман.
Втор пат во историјата ќе играме против домаќинот на едно Европско, а само годинава три пати се судривме со актуелниот европски и светски шампион со кој ќе играме и во Полска. Србија ни е најблизу географски, но не сме играле многу меѓу себе.
Додека многу од играчите ги слават победите, Роналдо по секој меч почнува со своите посебни ритуали кои му помагаат да се опорави од напорните 90 минути и физички и психички.
Има две ограничувања, првото е дека можеш да го купиш само на старо (ама првата газдарица била една постара госпоѓа и го возела само до пазар и супермаркет), и второ на располагање го имаш само Т-72 моделот. Цена - 50.000 долари.
Со натпреварите Република Чешка - Данска и Германија - Србија вечерва започнува Европското првенство за фудбалери до 21 година, турнир на кој во минатото се прославуваа Чави, Пирло, Фабрегас, Џилардино, Неста.
По лошата сезона, тренерот на Интер бара од претседателот Тохир да му бидат обезбедени нови играчи: дефанзивец, играч од средина и напаѓач од врвна класа кој ќе му биде поддршка на Икарди.
Ако дебел човек консумира 1.000 калории повеќе отколку што согорува, нив може да ги потроши само со вежбање. Проблемот е што со 30 минути џогирање ќе потрошиш само околу 350 калории. Или истото ова може да го постигне со елиминирање на 1 литар газирани пијалаци.