Репрезентативецот на Алжир, Маџид Багура пие кафе со пријател, кога наеднаш влегуваат „терористи“ и ги присилуваат да легнат на земја со вперени пушки во нив. Сите присутни панично легнуваат на земја, по што им врзуваат појас преку очите и ги носат на непозната локација во пустината каде треба да ги егзекутираат.
Во моментот кога треба да ги „стрелаат“, на Бугера му откриваат дека е скриена камера, по што Алжирецот го брка својот пријател кој му ја наместил целата работа и го преплашил на смрт. Скриената камера е снимана за ТВ шоуто Камера Кеч кое се емитува во Алжир. Емисијата е критикувана од невладините организации, затоа што велат дека си поигрува со страшни работи како што се егзекуциите. Емисијата посебно била критикувана пред 2 години, по настанот во кој алжирскиот огранок на Ал Каеда во јануари 2013. година киднапираше и уби 30 заробеници од западните европски земји.
Бугера (32) е одбранбен играч кој играше во Кру, во Шефилд Венздеј и Чарлтон Атлетик пред да премине во Глазгов Ренџерс во 2008. година за 2,5 милиони фунти. Во моментов игра за АЛ-Фуџаира во Гулф лигата на Обединетите Арапски Емирати.