„Насмевнете се, вие сте на скриена камера“, гласеше последниот стих на песничката од истоимената емисија - Candid Camera. Првата епизода е емитувана во далечната 1948 и од тогаш има мал милион верзии. Но таа всушност почнала како радио емисија.
Британскиот комичар Џек Вајтхол во новиот серијал Training Days прави егзибиции со Жозе Мурињо и Герет Бејл. На Велшанецот му дава неколку улоги меѓу кои и таа да глуми восочна фигура во познатиот Museo de cera de Madrid и наеднаш да плаши туристи.
На еден хуманитарен меч, најдобриот футсал играч на сите времиња Бразилецот Фалкао стоеше од страна како прав скитник и бездомник и бараше од тренерот да го пушти да поигра. Кога овој се смилува, Фалкао правеше чуда со топката.
Човекот што работи на паркинг најпрвин ќе му каже дека Џенаро му е најголем идол и поради тоа своето куче го нарекол како него, затоа што биле исти на теренот. Тука започнува сè, а набрзо следува кулминацијата. Во целата приказна свесно е вклучен и Кристијан Броки тогашен соиграч на Рино од Милан, а излегуваат и комшии кои се бунат на бучавата и борци за правата на животните.
Скриената камера како ретко одвратен телевизиски производи (што, сакаш да кажеш тебе не ти е смешно што те правиме мајмун пред камера???) е едно од поголемите зла што можат да ти се случат во текот на денот (#firstworldproblems). Технички дефиницијата го опфаќа и следново видео, ама па не е сè во дефиницијата.
Камерунецот кој настапува за грчката репрезентација, Софоклис Скорцанитис е нов член на Црвена звезда. По слетувањето на белградскиот аеродром, го излажаа дека поради дефект на автомобилот, ќе мора да продолжи со градски превоз, а таму го чекаше изненадување.
Скриените камери со девојчето дух во Бразил се смешни во однос на тоа што му го приредија на Маџид Багура, фудбалерот што играше за Глазгов Ренџерс, Шефилд и Чарлтон во Премиер лигата.
Уште во првата секунда додека те гледа девојка ти, го активираш Армагедон протоколот, во глава ги разлистуваш сите можни ФБ пораки, ДМ на Твитер и мејлови, додека без гледање од телефон ја бришеш цела Вибер и ВотсАп комуникација, СМС-и и именик.
Челниците на Анадолу Ефес сакале да снимат нова реклама за клубот во која главната улога ќе ја имаат нивните кошаркари. Тоа и го сториле, но без нивно знаење.