Двајца директори на грчки банки за Блумберг изјавиле дека 500 од над 7.000 банкомати низ земјата веќе во сабота наутро снемале пари, а дел од банките во понеделник нема да можат да отворат освен ако не добијат помош за ликвидност од Народната Банка. Портпаролот на Народната банка соопштил дека се прават напори за да се снабдат пари во системот.
Од доаѓањето на Сириза на власт од грчките банки се повлечени над 30 милијарди евра. Во мај депозитите во грчките банки (од приватни и правни лица) паднаа на 129,9 милијарди евра. Месецот го почнаа со 133,7 милијарди.
Пренесувајќи ја ситуацијата во Атина, сајтот објавува дека пред една филијала на Банката на Пиреа биле наредени околу 100 луѓе, од кои некои изјавиле дека и до 3 часа чекале во ред, а неколку филијали на Алфа Банка во Атина денес воопшто не отвориле (иако обично саботите ги работеле).
По неколку месечно натегање и на неколку дена пред крајниот рок, Ципрас одлучи да ги одбие барањата на Тројката, и нивниот предлог мерки за добивање на помошта, да бидат ставени на општ референдум закажан за 5-ти јули (следната недела).