Offside

Македонската фудбалска репрезентација претрпе минимален пораз од 2:1 на гостувањето кај Шкотска на Хемпден Парк, во рамките на претпоследното коло од Лигата на нации.

Голот на викендот

Викендов на фудбалските терени во Европа беа постигнати стотици голови, но без конкуренција, најдобриот го постигна Јусеф Туту од данскиот клуб Есбјерг на натпреварот против Рандерс.

Пандев го сопре Милан

Капитенот на македонската фудбалска репрезентација, Горан Пандев ја продолжи голгетерската форма во Серија А и го постигна единствениот погодок за Наполи со кој неговиот тим освои бод на гостувањето кај Милан.

Загреб КО е новиот шампион во СЕХА лигата

Во исклучително тврдо и неизвесно финале, екипата на Вардар Про не успеа да го одбрани трофејот во регионалната СЕХА лига и загуби дури во продолженијата од хрватскиот претставник Загреб Кроација Осигурување со 25:24.

Кроација е новиот шампион во СЕХА лигата

Во исклучително тврдо и неизвесно финале, екипата на Вардар Про не успеа да го одбрани трофејот во регионалната СЕХА лига и загуби дури во продолженијата од хрватскиот претставник Загреб Кроација Осигурување со 25:24.

Алонсо ја освои Кина

Двократниот светски шампион Фернандо Алонсо триумфираше убедливо на трката во Шангај за Големата награда во Кина, пред Раиконен, Хамилтон, кој имаше пол позиција и пред Фетел.

Данок за странски тренер

Руската фудбалска федерација објави дека од јуни, сите клубови од оваа земја ќе треба да плаќаат дополнителен данок доколку имаат странски тренере. Да биде иронијата поголема, последните двајца селектори кои ги најми истата таа федерација се странци.

Голови на неделата

Во редовниот преглед на најдобрите голови на неделата, свое место си најдоа мајсториите на Игуаин, Менез, Швајнштајгер, Хернанес, Дрогба, Левандовски... Уживајте!

Тикет на колото

Оваа недела нашиот тикет со натпревари од Лигата на шампиони и Лига Европа беше добитен, па се надеваме дека ќе влеземе во добитна серија и со натпреварите од најинтересните домашни првенства.

Антиќ и Олимпијакос на победа до фајнал-фор

Актуелниот европски шампиони, екипата на Олимпијакос предводена од вечерва одличниот Перо Антиќ, ја забележа втората победа над Анадолу Ефес и се наоѓа на чекор до завршниот турнир од кошаркарската Евролига.

Во драматичен крај Вардар го доби жешкото полуфинале

Ракометарите на Вардар Про беа подобар противник во големото градско дерби и заслужено втора година по ред изборија пласман во финалето на регионалното ракометно натпреварување каде ќе се сретнат со Кроација Осигурување. Конечниот резултат беше 22:21.

Кроација е првиот финалист во СЕХА лигата

По првото неизвесно полувреме, екипата на Кроација Осигурување се покажа како подобар противник во вториот дел и славеше над Мешков Брест со 31:29. Во вториот полуфинален дуел од регионалното натпреварување се среќаваат градските ривали Металург и Вардар Про.

Берлускони сакал да го купи Интер

Запознав еден млад човек со одлични идеи кој се викаше Бернаскони, со него ќе направиме еден силен Интер, раскажал легенардниот адвокат Џузепе Приско, за заинтересираниот бизнисмен кој всушност бил Силвио Берлускони.

Со клипче на Јутјуб до професионален договор

Постирањето на сопствено видео зачинето со вашите вештини кои ги поседувате, понекогаш може да ви го исполни сонот. Тоа му се случи на Норвежанецот Хавард Ругланд кој од играње аматерски фудбал, стигна до најпопуларниот американски спорт НФЛ.

Гуштер во НБА

Кога си дебитант во некој спортски тим, мора да трпиш „тортура" од постарите во екипата. Тоа на своја кожа го почуствува и Кент Бејзмор од Голден Стејт Вориорс.

За бокс на судијата ќе паузира до 2015 година

Насилникот кој бил незадоволен од судиската одлука, на само 13 години се осмелил да го натепа судијата, но казната ја плати со забрана за играње фудбал од 2 години и 8 месеци.

Баерн-Барса и Дортмунд-Реал во полуфиналето

На денешната ждрепка во седиштето на УЕФА во Нион беа извлечени паровите за полуфиналето на Лигата на шампиони. Руд ван Нистелрој ги извлече двојките Баерн Минхен - Барселона и Борусија Дортмунд - Реал Мадрид.

Базел-Челси и Фенер-Бенфика за финалето во ЛЕ

На извлекувањето во Нион беа одредени двојките од полуфиналето на Лига Европа каде ќе се сретнат Фенербахче-Бенфика и Базел-Челси.

ФК Луцерн избра тренер според фризурата

Џабе им се сите титули на Мурињо и Фергусон ако не се средени. Ако немаат добра фризура и ако не се бричени, тогаш тие нема шанси да бидат тренери на швајцарскиот прволигаш Луцерн чиј спонзор го вработи последниот тренер според неговиот изглед.

Челси, Бенфика, Фенербахче и Базел во 1/2-финалето

Негативата од два погодоци по првите натпревари која ја бркаа Рубин, Лацио и Њукасл се покажа како недостижна. На најинтересниот дуел во Базел, домаќините по изведувањето на пенали го елиминираа Тотенхем.

Навивачите го спасија Портсмут

По големата и долга неизвесност, како и патењето на најверните фанови, во Англија се случи најголемиот навивачки гест во историјата на фудбалот. Навивачите на Портсмут со свои пари го спасија поранешниот премиерлигаш и го вратија во живот.

Сите сме Бенфика

Фудбалскиот клуб Бенфика заедно со нивниот спонзор снимија одлично видео како дел од кампањата „Сите сме Бенфика" чија цел е доближување на клубот и играчите до навивачите.

СЕХА завршницата во знакот на македонското дерби

Најдобрите 4 екипи од регионот ќе го заокружат фајнлфорот во ракометната СЕХА лига. Загреб Кроација во полуфиналето ќе ги одмери силите со Брест Мешков од Белорусија, а очите на македонската спортска јавност ќе бидат вперени во дербито Вардар Про-Металург.

Њукасл, Рубин и Лацио ќе бркаат негатива од два гола

Лигата на Европа вечерва ќе ги добие четирите екипи кои ќе ги оформат полуфиналените двојки. Со солидна преднот од првите дуели влегуваат три екипи, додека во Швајцарија се очекува да се одигра најинтересната и најнеизвесната битка по оние 2:2 во Лондон.