Милан прв поведе во 30-та минута со голот на Фламини, но Пандев не им дозволи на навивачите на Милан да слават многу долго. По само 3 минути тој го искористи проигрувањето на Хамшик и го совлада Абијати.
Ова е петти гол за Пандев во дресот на Наполи оваа сезона и втор во серија по погодокот против Џенова минатата недела.
Пандев одигра 67 минути, а резултатот остана непроменет до крајот на натпреварот со што Наполи освои важен бод на гостувањето кај конкурентот во борбата за втората позиција која носи директен пласман во Лигата на шампиони.