Алонсо ја освои Кина

Двократниот светски шампион Фернандо Алонсо триумфираше убедливо на трката во Шангај за Големата награда во Кина, пред Раиконен, Хамилтон, кој имаше пол позиција и пред Фетел.

За Алонсо ова е прв триумф оваа сезона во Формула 1, а 31-ва победа во својата кариера со која изби на делба на четвртото место заедно со британскиот шампион од 1992 година Најџел Менсел.

Шпанецот славеше со време од 1 час, 36 минути и 27 стотинки, за 13,7 секунди пред Кими Раиконен т и 14,8 секунди пред Хамилтон. На четвртата позиција заврши аткуелниот шампион Себастијан Фетел.

Трката во Шангај ја одбележа дуелот за третата позиција која се водеше до самиот крај. Во последните три круга Фетел жестоко го нападна Хамилтон и беше многу блиску до место на подиумот, но Британецот успеа да го издржи притисокот.

Бодови во Кина освоија уште и Џенсон Батон од Мекларен, Фелипе Маса од Ферари и Даниел Рикардо од Торо Росо. На осмото место заврши Пол ди Реста од Форс Индија, девети е Роан Грожан од Лотус, а бод освои и Нико Хулкенберг од Заубер.

Себастијан Фелет ја здржа водечката позиција во шампионатот со 52 бода пред Кими Раиконен кој има 49 и Фернандо Алонсо со 42. Потоа следуваат Хамилтон со 40, Фелипе Маса со 30 и Марк Вебер кој има 26 поени.

Наредната трка се вози следниот викенд во Бахреин.

Резултати:
1. Фернандо Алонсо (Ферари) – 1:36:26.945
2. Кими Раиконен (Лотус) – 10.168 секунди заостанување
3. Луис Хамилтон (Мекларен) – 12.322
4. Себастијан Фетел (Ред Бул) – 12.525
5. Џенсон Батон (Мекларен) – 35.285
6. Фелипе Маса (Ферари) – 40.827
7. Даниел Рикардо (Торо Росо) – 42.691
8. По ди Реста (Форс Индија) – 51.084
9. Роман Грожан (Лотус) – 53.423
10. Нико Хулкенберг (Заубер) – 56.598

Генерален пласман:
1. Фетел - 52 поени
2. Раиконен – 49
3. Алонсо – 43
4. Хаилтон – 40
5. Маса - 30

Пласман на конструктори:
1. Ред Бул - 78 поени
2. Ферари - 73
3. РЛотус - 60
4. Мерцедес - 52
6. Мекларен - 14

14 април 2013 - 15:15