Поранешниот премиер на Италија сакал многу млад да го земе под свои закрила Интер и токму поради неговата возраст не влегол во комбинација, а преговорите се случувале во 1972 година.
„Вие имате 36 години? Не, премногу сте млад, ќе се видиме за 10 години" му рекол Ивано Фраицоли на Берлускони, кој седел на претседателската фотеља на Интер во периодот од 1968 до 1984 година, односно после заминувањето на Анџело Морати, татко на сегашниот прв човек на „Нероаѕурите", Масимо Морати.
Сето ова го раскажувал славниот адвокат Џузепе Приско кој беше потпретседател на Интер во период од 38 години, а темата се актуализира токму денеска поради изјавите на синот на Приско кој ги дал за италијанскиот весни „Гуерин Спортиво".
Овие тврдења на Приско се поткрепуваат и со натписите на легендарниот фудбалер на Интер Сандро Мацола кој во својата биографија го споемнува и интересот на Берлускони за купувањето на Интер.
По 15 години, Силвио Берлускони влегол во светот на Милан додека клубот имал големи финансиски проблеи и се натпреварувал во Серија Б.