Финалната ракометна претстава во „Борис Трајковски" почна во знакот на домаќините кои преку Петриќ на два пати и еднаш Раковиќ, за брзо време стигнаа до водство од 3:0. Хрватите се вратија во игра, го израмнија резултатот, а во 15 минута имаа водство од 6:5.
Неизвесен и рамноправен ракомет се играше до крајот на првиот дел во кој се до 4 минути до финишот на првото полувреме Вардар повторно премина во водство и на пауза беше 11:10.
Идентична беше сликата и во второто полувреме кое докажа дека до финалето стигнаа две израмнети екипи кои ќе водат битка за пехарот до последната секунда. „Црвеноцрните" по првите 10 минути имаа минимално водство, а во 45 минута беше еден гол предност за Загреб.
Неизвесноста продолжи и во преостанатиот тек од мечот, а најголемата предност на Загребчани од 2 гола предност изнесуваше на 4 минути до крајот. Во следниот напад Караџиќ успеа да погоди, а по промашувањето на гостите, Вардарци не успеаа да го израмнат резултатот на една минута до финишот.
Хрватите повторно тргнаа во напад во кој доколку погодеа тоа ќе беше крај, но по промашувањето иако преостанаа уште само десетина секунди, Немања Прибак успеа да стрела буквално во последната секунда со што го однесе мечот во продолженија и "ја запали" публиката во салата.
Во продолженијата од два пати по 5 минути, ракометарите на Загреб стигнаа до водство од 3 гола разлика, но Вардарци се вратија во игра и со негатива од еден гол разлика на нешто помалку од една минута имаа напад за реми кој не го искористија.