Олимпијакос поведе со 2:0 во четвртфиналето против Анадолу Ефес и го дели само уште една победа до пласман на фајналфор турнирот во Лондон.
Како и на првиот натпревар и овој пат на домаќините им требаше многу време за да влезат во ритам, па по првите 5 минути Ефес водеше со 2:12. Кошаркарите на Олимпијакос се разбудија во последните 3 минути од првата четвртина и со серија од 7:0 намалија на 14:16.
Во втората четвртина Олимпијакос доминираше на паркетот и на полувремето тие заминаа со предност од 35:36.
Почетокот на второто полувреме помина со израмнета игра во која Олимпијакос ја одржуваше предноста, но на крајот на третата и на почетокот од последната четвртина домаќините влегоа во одлична серија и направија огромна разлика од +19 (59:40).
До крајот на натпреварот Олимпијакос рутинирано ја одржуваше високата предност и славеше со 71:53.
Перо Антиќ одигра одлична партија и имаше учинок од 11 поени и 7 скокови. Поефикасни од него во победничката екипа беа само Спанулис со 15 и Хајнс со 12 поени.
Во редовите на Анадолу Ефес чиј тренер е скопјанецот Октај Махмути, единствен со двоцифрен број на поени беше Ѓонлум со 13 поени.
Серијата се сели во Истанбул каде ќе се одигра следниот натпревар на 17 април.