Големото градско дерби почна во знакот на ракометарите на Вардар кои стартуваа фуриозно и по 6 минути игра обезбедија високо водство од 6:0. Металурзите на стартот имаа 3 промашувања, а мразот за тимот од Автокоманда го скрши Гоце Георгиевски во 8 минута.
Избраниците на Лино Червар се ослободија од грчот и набрзина постигнаа уште 2 гола за резултат 5:3, но тоа беше најтесното водство по првите 30 минути кои му припаднаа на „црвеноцрниот" тим кој беше бодрен од големиот број на навивачката група „Комити“.
По 20 минути игра Вардар стигна до солидно водство од 4 гола разлика, борбата и страстите се зголемуваа на на натпреварот кој го оправда епитетот дерби. На полувреме составот на Вујовиќ замина со предност од 12:9.
Во второто полувреме освен ракомет имаше и искри на трибините, кои често пати избивале помеѓу навивачите на овие два големи ривали. Во 39 минута натпреварот беше прекинат поради тоа што навивачите на Металург фрлија неколку предмети кон клупата на Вардар, а ситуацијата за малку ќе излезеше од контрола кога „Комитите“ тргнаа физички да се пресметаат со „Пиратите“.
Покрај полицијата, веднаш реагираа Веселин Вујовиќ и неколку негови играчи кои се качија на трибината за да ги смират страстите на „Комитите“.
Во вторите 30 минути Вардар постојано го одржуваше водството кое изнесуваше од 3 до 4 гола разлика. Но последните 3 минути од мечот беа пеколни, затоа Металурзите конечно заигра и успеа да го израмни резултатот. На една минута до крајот Караџиќ го постигна победничкиот гол, а Металург не го искористи последниот напад за измрамнување.