таг: рк металург

Денот кога Барселона не знаеше кај се наоѓа против Металург

Има еден ракометен натпревар од блиско минато кој докажа дека Скопје е ракометен епицентар, ама со екипи кои не се обични учесници во елитата. Има една Барселона, великан во различни спортови која почувствува како е да се губи во домот на мал клуб од Автокоманда со големи муда. Повеќе

Мајсторијата на Шилегов

Металург загуби 30-24 во последното коло од Лигата на шампионите но еден погодок на Мице Шилегов на овој меч, влезе на листата најдобри 5 на колото. Повеќе

Металург промаши 5 пенали и изгуби тесно од Бешикташ

Ракометарите на Металург го претрпеа и седмиот пораз во Лигата на шампионите, откако во осмото коло од групната фаза изгубија од Бешикташ со само еден гол разлика: 23-22. Повеќе

Металург солиден, но Спортинг ги однесе бодовите за Лисабон
Лига на шампиони

Ракометарите на македонскиот вицешампион не успеаа со уште една победа да крунисаат добра игра во 7. коло од Лигата на шампионите против Спортинг од Лисабон - 24:31 (18:17). Повеќе

Освежениот Металург до прва победа во Лига на шампиони

Без својата ведета Халил Јагањац кој направи голем и заслужено заработен трансфер, ракометарите на Металург во 6. коло од ЛШ, со три нови лица, ја остварија првата победа - во Скопје совладан Чеховски Медведи со 25-24. Повеќе

Продолжува агонијата на Металург

Ракометарите на Металург не успеаа да се опорават од лошата серија ниту во петтото коло од Лигата на шампионите. Најновиот пораз го претрпеа од Чеховски Медведи. Повеќе

Неславна екскурзија за Металург во Данска, пораз од 8 гола разлика

Четврти меч - четврти пораз за момците на Данило Брестовац во Лигата на шампионите. Силкеборг - Металург 33-25 (16-14). Шанса за први бодови ќе се бара во следното коло против Чеховски медведи. Повеќе

Ни нема рамни за цепелини

Кога се во прашање цепeлините, како еден вид најатрактивен погодок во ракометот, да не знае човек кај попрво да се сврти и да гледа. Мајстори се и Вардарци и нашите репрезентативци, а еве ги сега и Металурзите и тоа пазете од гол на гол, што е огромна реткост. Томовски го пронајде Токиќ, а голот е прогласен за најубав на мечот од СЕХА лигата кој тимот од Автокоманда го загуби од Загреб на Лино Червар. Повеќе

Салата на Вардар не му се посреќи на Металург

Ракометарите на Металург го забележаа и третиот пораз во третото коло од Лигата на шампионите, овој пат од словачкиот тим Татран Прешов, кој славеше со 24:29. Повеќе