Таг: рк металург

Вардар на мегдан со Барса, Металург против Бешикташ и Монпеље

Македонските клубови ги добија противниците во новата сезона од Лигата на шампионите. „Металурзите“ од Автокоманда можат да бидат позадоволни затоа што добија ривали по мерка.

Победничко збогум на Металург од Европа

Со високи 31-24 (15:10) Металург го победи рускиот шампион Чеховски Медведи, ја запиша петтата победа и се одјави од Лигата на шампионите сезонава.

Металурзите во стилот на Манасков и Лазаров

Предводени од младиот Мартин Томовски кој блесна со 13 интервенции, избраниците на Лино Червар го урнаа Загреб во СЕХА лигата со 25:22, а Велковски и Илиќ направија атрактивен цепелин и ја кренаа публиката во Борис Трајковски.

Завршија надежите на Металург за осминафинале

Ракометарите на Металург го претрпеа петтиот пораз во 9. коло од Лигата на шампионите, а тоа значи крај за оваа сезона во елитата каде им преостанува уште еден натпревар. Тактиката без голман овој пат не им функционираше.

Талески за нова европска радост на Металург

Македонскиот вицепрвак ја забележа и втората победа во серија во рамките на Лигата на шампионите и му врати на Татран Прешов за поразот во второто коло.

Голем триумф на младоста на Металург во Европа

Рецептот на Лино Червар за поголем простор за младите македонски ракометари почна да дава успех. Металурзите ја прекинаа црната серија во Лигата на шампионите и вечерва славеа убедливо против норвешкиот Елверум 26:31.

Монпелје ги однесе бодовите од Скопје

Во дуел од шестото коло на групната фаза на ЛШ, Металург вечерва загуби од францускиот претставник Монпелје со 24:30 (10:14).

Висок пораз на децата на Червар во Монпеље

Ракометарите на Металург го доживеаа третиот пораз во петтото коло од елитната Лига на шампиони. Вечерва во Франција Монпеље беше подобар за десет гола 28:18 (13:12)

Блесок на Металург, Дарко Арсиќ е новиот Дарко Станиќ

Ракометарите на Металург одиграа феноменален меч со тотално драматична завршница во која херој беше Дарко Арсиќ со 16 одбрани. Во последните секунди фати чиста топка во игра еден на еден, клучна за голема победа против Ла Риоха во ЛШ.

Силен отпор на Металург кој не издржа до крај

Втор пораз за ракометарите на Металург на гостински терен во Лигата на шампионите. Избраниците на Лино Червар анулираа негатива од 7 гола и имаа водство на гостувањето во Русија, но залакот изгледа беше голем.

Металург се враќа поразен од Прешов во Автокоманда

Ракометарите на македонскиот вицешампион Металург го доживеаа првиот пораз во Лигата на шампионите сезонава, откако попладнево загубија на гости од Татран Прешов 27:22.

Металург тргна шампионски, блесок на Талески со 13 гола

Со големи мотиви и желба за надигрување, ракометарите на Металург победнички ја отворија новата сезона во Лигата на шампионите. Филип Талески и голманот Дарко Арсиќ беа клучни играчи на мечот.

Вардар повторно со Кјелце и Рајн Некар, Металург со незгодни противници

По извлекувањето на ждрепката за женската, во Данска беа извлечени и групите за новата сезона и во машката Лига на шампиони која стартува на 21 септември.

Новата надеж во македонскиот ракомет

Се вика Мартин Томовски, има 18 години и игра за кадетската репрезентација на Македонија. По овие исечоци од вчерашното градско дерби кое го доби Вардар со +4, детево ни дава причина да се надеваме дека ќе биде новиот Борко или Диви. Член е на Металург од 13 години, како младинец собираше искуство и во Пролет, а од ноември минатата година по барање на Лино Червар се врати во Автокоманда. 

Ракометот во 2015-та

Оваа година донесе големи ракометни возбудувања за навивачите на Вардар кои повторно покажаа заби во Европа, но имаше огромни разочарувања за оние на Металург од каде си заминаа најдобрите. 2015 година ќе се памети по европската круна на Кире и неговиот јубилеј од 1.000 голови.

Металург со пораз ја отпоздрави Европа

Без Лино Червар, а со Јовиќ на клупата, ракометарите на Металург загубија од тимот на Елверум во Норвешка со 29:23 и на тој начин му овозможија на домашниот тим да ја оствари првата победа пред домашните навивачи.

Талески во друштво со Вујин и Вори

Со еден од трите погодоци против Скјерн, големата надеж на Металург влезе во топ 5 листата на најубави голови на колото според ЕХФ.

Червар: Никој не нè надигра овие седум меча

Со две победи и шест порази, Металург нема повеќе шанси за пласман во следната фаза од Лигата на шампионите, но тимот од Автокоманда сака да го одигра последниот меч пред своја публика, онака како што ја почна сезоната.

Ништо од европска пролет, Металург поразен од Мотор

По којзнае кој пат сезонава Металург одигра одлично прво и бледо второ полувреме и на крајот загуби. Подобар од избраниците на Червар беше украинскиот шампион Металург Запорожје 23-21.

Повторно не издржаа до крај, трет пораз во финишот за Металург

Уште не опоравени од двата тешки порази на гостувањата, ракометарите на Металург одново загубија во финишот од романската екипа Баја Маре, овојпат 23-21 во СЦ Борис Трајковски.

Червар: Нема летање, треба скромност и докажување

По двата тесни порази од само еден гол разлика, ракометарите на Металург ќе се обидат да се рехабилитираат со победа пред своја публика против Баја Маре која во недела гостува во Борис Трајковски.

Червар: Ќе си одите пешки од Романија до дома

Хрватскиот стратег им беше толку лут на Филип Кузмановски и Марко Бувиниќ поради грешките на мечот од ЛШ против Баја Маре, што им се закани дека ќе ги пушти пеш да си одат дома.

Неискуството пак ги чинеше, Металург поразен во Романија

Ракометарите на Металург во неизвесен натпревар против романскиот Баја Маре го претрпеа третиот пораз во Лигата на шампионите 21:20 (10-9).

Пораз на Металург со звукот на сирената

Ракометарите на Металург не успеаа да ја продолжат успешната серија по двете победи на домашен терен во Лигата на шампионите. Тимот од Автокоманда одигра уште еден одличен меч и беше блиску до бодови против Скејрн кој важи за фаворит во групата.