Кризата на Металург продолжи и во третото коло од ракометната Лига на шампиони, но овој пат младиот состав на Данило Брестовац одигра послабо за разлика од минатите два меча во кои паѓаше само во второ полувреме.
Овој пат момците од Автокоманда влегоа лошо уште на стартот и губеа 4:0, а потоа се вратија резултатски и направија целосен пресврт со серија од 5:0. Следуваше голема неизвесност и тесен резултат кој по првите 30 минути заврши 13:13.
Клучната серија за триумф Словаците ја направија на 9 минути до крајот кога поведоа со +6 (19:25), по што Металург ги загуби сите шанси за кам бек.
Јагањац, Танкоски и Серафимов реализираа по пет пети, а Томовски заврши со 9 одбрани.
Во четврто коло Металург му гостува на Силкеборг.