РК Вардар ослабен без Раул Гонзалес и неколку клучни играчи на чело со Штербик, во саботата го шокираше европскиот првак Монпеље и покажаа дрскост на првиот меч од новата сезона во ЛШ.
Многумина од тие што пукаа од радост на социјалните мрежи, покрај тоа што ги величаа црвено црните бои, ја плукаа МРТВ која не обезбеди преноси оваа сезона. Меѓу нив и оперативниот менаџер на клубот, Марко Савовски.
Во таква ситуација привилегирани да ја гледаат битката меѓу изминатите два европски ракометни прваци ја имаа само оние кои имаат кабловска со спортскиот канал Арена.
За проблемот зошто нема преноси од елитното натпреварување, на Фејсбук објасни директорот на Телма, Атанас Кировски кој тврди дека една сезона би чинела најмалку 250.000 евра по сезона, што е многу за македонските телевизии.
Финансискиот дел е главниот проблем и според уредникот на спортската редакција на МРТВ, Драган Николовски кој даде објаснување за Офф.нет на оваа тема.