Ракометарите на Металург со победа имаа можност да му се одмаздат на Бешикташ за поразот во Борис Трајковски и да останат во игра за посакуваното второ место кое носи пласман во баражот за осминафиналето.
Но тимот од Автокоманда одигра само едно полувреме на ниво, кое не беше доволно за освојување на гостински бодови. Избраниците на Александар Јовиќ го добија првиот дел со 13:15, а имаа и предност од +4, но во второто полувреме голманот на домаќините, Карим Мостафа Хендави се разбрани и Бешикташ го сврти резултатот.
На средина од вториот дел Турците победоа со +4 (25:21), но Металурзите не се предаваа и во еден момент преку Илиќ успеаа да намалат на -1. Сето тоа беше залудно бидејќи следуваат многу грешки кои Бешикташ ги казни во финишот и победи со 32:29.
Филип Кузмановски беше најпрецизен кај Металург со 7 гола, а Петров и Анѓелиќ постигнаа по 4. Во листата на стрелци се запишаа и двајцата македонски репрезентативци од Бешикташ. Немања Прибак постигна 4 гола, а Филип Лазаров 2. Фантастичкиот Хандави кој беше клучен играч на мечот на крајот имаше 16 интервенции.
Металург до крај има уште два меча. На 25 ноември го пречекува Мотор Запорожје, а на 2 декември му гостува на Спортинг.