Во првиот полуфинален дуел од регионалната СЕХА лига се играше рамноправен ракомет особено во првиот дел кој заврши 17:16 за претставникот од Белорусија.
По првите 20 минути беше постојано израмнето, а екипата на Мешков Брест на двапати имаше водство од 4 гола кое не успеа да го задржи до паузата на која замина со предност од само еден гол разлика.
Во сличен стил стартуваше и второто полувреме во кое ракометарите на Мешков Брест по само неколку минути има тесно водство од 2 гола разлика, но Хрватите направија серија од 5:0 и во 43 минута водеа со 22:19.
Белорусите успеаа да се вратат резултатски во игра, но за кратко време Кроација повторно се врати во водство кое беше највисоко во 51 минута од 28:23.
Хрватите не дозволија да ја испуштат солидната преднот од 5 гола на 9 минути до крајот и славеа со 31:29. Најдобар стрелец во таборот на хрватскиот состав беше Лука Степанчиќ со 7 гола, Златко Хорват постигна 6, додека кај поразениот тим најдобар беше Љубо Вукиќ со 8 постигнати погодоци.