Offside

Македонската фудбалска репрезентација претрпе минимален пораз од 2:1 на гостувањето кај Шкотска на Хемпден Парк, во рамките на претпоследното коло од Лигата на нации.

Надал владее на земјениот терен во Париз

По долга и исцрпувачка битка која се водеше во 5 сета, најуспешниот тенисер на земја во историјата, Шпанецот Рафаел Надал славеше во полуфиналето на престижниот турнир Ролан Гарос против Новак Ѓоковиќ со 3:2.

Штрајк со глад поради менување стадион

Со штрајк со глад најчето протестираат затворениците или незадоволните пред влада, но сега тоа ќе го стори и навивач на Ковентри Сити доколку својот клуб од наредната сезона ќе ги игра натпреварите на друг стадион. Поради спор со сопствениците на стадионот Рико Арена, англискиот третолигаш постои можност да го напушти и градот.

Спортистите не заработуваат од спортот

Магазинот Форбс ја објави годишната листа на најбогати спортисти на светот, а на неа доминираат луѓе кои заработуваат многу повеќе пари надвор од терените отколку на спортските борилишта.

Новинарот кој му го врати медалот на Боатенг

Пехарот и медалите од Лигата на шампионите сосема заслужено завршија во рацете на фудбалерите на Баерн Минхен, но не им беа цврсто закачени на врат. Рибери му го пронајде на Манџукиќ и веднаш му го врати, а оној на Жером Боатенг се прошета низ Европа и по неколку дена повторно се најде кај првакот.

Кире Лазаров официјално потпиша за Барселона

Најдобриот македонски ракометар и официјално потпиша за Барселона. Кире Лазаров од денес е нов член на шпанскиот ракометен шампион.

20 години без Дражен Петровиќ

На денешен ден во 1993-та година во сообраќајна несреќа во Германија на 28-годишна возраст загина Дражен Петровиќ, еден од најдобрите европски кошаркари на сите времиња.

Рамос се изгуби во НБА

Репрезентативците на Шпанија во моментов се наоѓаат во Мајами каде во сабота ќе одиграат пријателски натпревар против Хаити, па ја искористија шансата и присуствуваа на првиот финален натпревар од НБА лигата, но Серхио Рамос не знаеше кој игра.

Спарси го изненадија шампионот на стартот

Екипата на Сан Антонио Спарс го доби првиот натпревар од големото финале за титулата во НБА лигата, славејќи во Мајами со 88:92.

Хајнкес не го удри слава во глава по шампионската година

Скромен, емотивен и претпазлив. Човек кој секогаш прв го фрла ѓубрето од дома, кој и лупи овошје на сопругата, но и внимавал на сите во клубот, па дури и на шоферот. Сето ова се крие зад 68 годишниот Јуп Хајнкес кој по историската година со Баерн Минхен со солзи го напушти фудбалот.

Мојс ќе тренира строгост во Манчестер

По строгиот Шкотланѓанец кој скоро три декади беше главна фаца на „Олд Трафорд", Црвените „Ѓаволи" добија уште построг тренер кој е и негов сонародник. Кога Бекам почна да се прави фраер, Фергусон му ја пукна аркадата со копачка и го набрка, а од напорните тренизи на Мојс фудбалерите повраќаат.

Американските спортисти најбогати според Форбс

На чело со Тајгер Вудс во топ 10 листата на најплатените спортисти за 2012 година се наоѓаат 6 спортисти од САД од сферата на голфот, кошарката и американскиот фудбал.

Данте го продал плејстејшнот за да стане фудбалер

Бразилецот од редовите на Баерн Минхен пред неколку недели го подигна пехарот од Лигата на шампиони, но тој за малку немал да стане професионален фудбалер ако не го жртвувал својот плејстејшн.

Најдобриот 101 гол во сезоната

Сезоната 2012/2013 ќе остане запаметена по многуте прекрасни голови постигнати на фудбалските терени, а некој се помачил и направил видео компилација со најдобриот 101 погодок сортирани по хронолошки редослед. Уживајте!

Најинтересната компилација за 2012/2013

Најкомичниот автогол, најголемата мешаница во шеснаесетникот, парекселанс мајсторијата во футсал, мајтапењето на Ван Перси со децата, финтата на Марио Ѓуровски... Се што беше најинтерсно и објавуваме во текот на целата сезона „Гардијан" го спакувал во два дела. Уживајте.

Скок од шест места на националниот тим

Избранците на Чедомир Јаневски и покрај поразот на пријателскиот натпревар против Шведска, бележат напредок од шест места на најновата ранг листа на ФИФА.

Мајами фаворит за одбрана на титулата

Стартуваат натпреварите од големото финале на 67-то издание на најквалитетното светско кошаркарско натпреварување, а кладилниците предвидуваат дека Сан Антонио Спарс нема да успеат да му го украдат трофејот на актуелниот шампион.

Започнува големото финале!

Вечерва започнува големото финале на НБА лигата, а аниматорите на ESPN ја подгреваат атмосферата со оваа анимација со незаборавните моменти од изминатите финални серии.

Арсенал ќе беше шампион без киксовите

Уште една „што ако" табела на англиската Премиер лига. Ако се избришат сите 179 голови кои биле постигнати по искористена грешка на противникот, тогаш екипата на Арсенал ќе беше шампион на Англија.

Идиотска навивачка фора

Овој гест на хулиган во четвртата полска лига нека биде пример како не треба навивачите да се однесуваат на спортските натпревари. Слично вакво нешто оваа сезона направи и навивач на натпревар во македонското првенство, но не се изглупира волку многу.

Пазарете гратис во Премиер лигата

Трансферот на играчи ќе биде главна тема во фудбалот ова лето се додека трае крајниот рок кој завршува на 31 август. Газдите на клубовите едвај чекаат да ќарат некое квалитетно засилување без пари, а тоа можат да го сторат во Англија каде на дури 85 играчи им завршуваат договорите.

Најефективен тренинг за голмани

Спаси го Роверот. Ваква задача доби ова голманче кое рипа како скакулец на сите страни. Не знаеме дали џипот е негов, ама задачата си ја заврши одлично.

Затворски казни за италијанските расисти

Шест навивачи на италијанскиот нисколигаш Про Патрија добија затворски казни за расистичките навреди на фудбалерите на Милан на пријателскиот натпревар во јануари.

Луѓето кои го опкружуваат Нејмар

Младата бразилска ѕвезда до сега одлично се носи со славата, а тоа допрва ќе треба да го покаже и во Европа. Тајната на неговиот досегашен успех не се должи само на неговиот талент. Професионално и приватно за него се грижат вистинските луѓе кои му помагаат послено да си го трасира патот.