Штрајк со глад поради менување стадион

Со штрајк со глад најчето протестираат затворениците или незадоволните пред влада, но сега тоа ќе го стори и навивач на Ковентри Сити доколку својот клуб од наредната сезона ќе ги игра натпреварите на друг стадион. Поради спор со сопствениците на стадионот Рико Арена, англискиот третолигаш постои можност да го напушти и градот.

Градоначалникот Тим Фишер изјави дека Ковентри по завршувањето на едногодишниот договор нема шанси да ги игра натпреварите на Рико Арена, но најбурно на тоа ќе реагира навивачот Нигел Варен.

„Фудбалот и Ковентри Сити се целиот мој живот. Јас јадам, пијам и спијам, а доколку мојот клуб не игра повеќе на Рико Арената нема да јадам 24 часа во сите деновите кога игра Ковентри", изјави Нигел Варен.

41 годишниот навивач веќе 20 години купува годишен билет за натпреварите на Ковентри и тој смета дека на навивачите им е здодевно повеќе да трпат неправди, па можеби по овој драстичен чекор некој ќе се подзамисли и ќе им излезе во пресрет.

Повеќе од 12.000 навивачи се потпишаа на петицијата, Ковентри Сити да не го напушта стадионот.

7 јуни 2013 - 14:40