Рамос се изгуби во НБА

Репрезентативците на Шпанија во моментов се наоѓаат во Мајами каде во сабота ќе одиграат пријателски натпревар против Хаити, па ја искористија шансата и присуствуваа на првиот финален натпревар од НБА лигата, но Серхио Рамос не знаеше кој игра.

На својот Твитер профил Рамос објави фотографија од репрезентативците на Шпанија пред почетокот на натпреварот, но го згреши името на гостинскиот тим.

7 јуни 2013 - 09:17