Offside

Македонската фудбалска репрезентација претрпе минимален пораз од 2:1 на гостувањето кај Шкотска на Хемпден Парк, во рамките на претпоследното коло од Лигата на нации.

Кои се новите ѕвезди на европскиот фудбал?

Што имаат заедничко Мата, Хунтелар, Лампард, Чех, Пирло, Канаваро, Фиго, Шукер...? Тоа се само дел од фудбалерите кои се истакнаа на Европските првенства за играчи до 21 година, а денес во Израел започнува 19-то издание на натпреварувањето од кое ќе ги добиеме нивните наследници.

Фејсбукот на Мурињо

Како изгледаше првото логирање на Мурињо на неговиот Фејкбук акаунт по пристигнувањето во Челси.

Фалкао е „жртва“ на трговијата со фудбалери

Не дека рускиот тајкун не искешира доволно и не го привлече Фалкао со големата плата, но Атлетико Мадрид и самиот фудбалер беа последни кои беа прашани и кои одлучуваа за неговиот трансфер во Монако.

Рагби мочко фатен на дело

Расел Пекер, рагбистот на Њу Зеланд Вориорс беше уловен од камерите како го наводнува теренот за време на натпревар, по што челниците на лигата веднаш му изрекоа казна во висина од 15.000 долари.

Чичарито е најефикасен стрелец во Премиер лигата

Робин ван Перси постигна најмногу голови во Премиер лигата, но според некои аналитичари тоа не го прави и најдобар стрелец. Својата минутажа на теренот најдобро ја искористил неговиот соиграч Хавиер Ернандез.

Тројца играчи од островот кои ја заслужуваат ЛШ

Најквалитетно клупско европско натпреварување е се разбира привилегија и уживање за секој фудбалер, но патот за да се биде во друштво помеѓу најдобрите воопшто не е лесен. Овие три имиња сигурно дека заслужуваат да бидат дел од тој собир, а тоа е можно да се случи веќе од наредната сезона.

Аматерите прославија како вистински шампиони

Кога можат Манчестер Јунајтед, Баерн Минхен, Јувентус... зошто да не и Дакпонд?! Аматерски фудбалски клуб од Англија ја прослави титулата во 16-та лига со шампионска тура во отворен двокатен автобус.

Ибрахимовиќ се „степа“ со пречката

Исфрустрираниот Ибрахимовиќ не можеше да го пронајде патот до мрежата на гоманите Пачовски и Наумовски за време на пријателскиот натпревар против Македонија. Во последните минути од натпреварот тој беше сам пред празниот гол, но не беше проигран од Тоивонен, па Ибра реши да го истури својот бес на пречката и го изгуби овој дуел.

Хајнкес дефинитивно се збогува со фудбалот

Германскиот стратег кој пред 6 години веќе беше еднаш во пензија и покрај шпекулациите дека ќе седне на "жешкото" столче на Реал Мадрид одлучи да се повлече и да му се посвети на семејството.

231 милиони евра за партнер на Меси

Тиери Анри, Златан Ибрахимовиќ, Давид Виља, Алексис Санчез и на крајот бразилската ѕвезда Нејмар. Каталонскиот тим се изнатроши пари за му го најде идеалниот партнер на Меси во нападот. На ред стигна најдобриот играч од Јужна Америка од кој очекувањата се огромни.

Пипан го напушти МЗТ

Словенецот Алеш Пипан повеќе не е тренер на МЗТ Скопје. Тој се враќа во родната земја и следната сезона ќе го предводи тимот на Унион Олимпија.

Добил над 100.000 евра погодувајќи 12 европски шампиони

Кладилничар од Ирска викендов ќари 102.592 евра откако Базел ја освои шампионската титула во швајцарското првенство, а претходно имал погодено уште 11 други шампиони на европски лиги.

Индијана немаше лек за Леброн

Мајами Хит предводени од Леброн Џејмс ги победија Индијана Пејсерс со 23 разлика (99:76) во седмиот натпревар од финалето на Истокот и се пласираше во големото финале од НБА лигата каде ќе се сретне со Сан Антонио Спарс.

Македонецот Качаниклиќ и пресуди на Македонија

Македонија забележа минимален пораз на гостувањето кај Шведска, а стрелец на единствениот погодок беше Александар Качаниклиќ, чиј татко е роден во Скопје, па младиот фудбалер до минатата година можеше да настапува и за нашата репрезентација.

Четири причини за мизерниот учинок на Двејн Вејд

Во шестата пресметка од финалето на Источната конференција кошаркарите на Индијана се изборија за мајсторка против Мајами Хит. Актуелниот шампион имаше катастрофални 36% шут од поле, но еден од клучните фактори за променливата нивна игра е падот на формата на Вејд.

Јужни ги загуби нервите

Рускиот тенисер Михаил Јужни убедливо со 3:0 беше поразен од Германецот Томи Хас на Ролан Гарос, а на сето тоа реагираше како да е крај на светот.

„Комунистите“ се вратија во Серија А

По пауза од три години, во најелитното фудбалско друштво во Италија, кам бек направи Ливорно, тим чии навивачи се препознатливи по нивната левичарска политичка наклонетост која често пати преку разни знамиња и транспаренти ја истакнуваат за време на натпреварите.

Головите кои ја одбележаа сезоната

Весникот „Гардијан“ петта сезона по ред го бира најубавиот за гол на сезоната. Изборот е огромен, а во конкуренција влегуваат многу мајстории, како на пример ножичките на Ибрахимовиќ и Мексес.

Враќањето на Мурињо

Забавата по повод враќањето на Жозе Мурињо во Челси сумирана во еден анимиран Гиф.

Детето Леброн

Не се промениле многу работи од средношколскиот период од животот на Леброн Џејмс па до денес. Тој и тогаш бил суперѕвезда и си ги растурал противничките екипи. Единствената разлика од тогаш до денес е неговата фризура.

Ренесансата во Сан Себастијан

Клубот кој пред три години играше во втората лига и беше на работ на пропаѓање, со помош на навивачите и со 17 фудбалери израснати во нивната младинска академија по 10 години пауза се избори за пласман во Лигата на шампиони.

Офсајд лик на неделата: Марк-Андре тер Штеген

Голманот Марк-Андре Тер Штеген за кој се заинтересирани сите поголеми европски клубови и во кој Германците гледаа сигурен чувар на мрежата во иднина, прими 12 гола на трите настапи за репрезентацијата, а еден од нив беше кикс каков што ретко се гледа на фудбалските терени.

“Војната“ на Кале му припадна на Вардар

Натпреварот на сезоната во македонскиот ракометен шампионат му припадна на Вардар Про кој во драматичен меч славеше над Металург со 22:19 и ја освои шампионската титула во првенството со што избори директен пласман во Лигата на шампионите.