Фудбалскиот клуб Дакпонд е мал аматерски клуб од Харвич, чии играчи знаат да прослават како нивните колеги од европските фудбалски гиганти. Тие ја освоија втората дивизија од аматерската „неделна" лига на Колчестер по што изнајмиле двокатен автобус и направиле шампионска тура низ градот по примерот на Манчестер Јунајтед.
Веројатно тие биле побројни во автобусот од луѓето кои ги отпоздравиле низ улиците, но за нив тоа не било проблем да слават како вистински шампиони.
Клубот е формиран во 2011-та година од неколку другари. Минатата година тие започнале од најнизок ранг и веднаш ја освоиле локалната лига кој е 17-та по ранг лига во Англија, а оваа сезона со 12 победи од 16 натпревари тие триумфирале и во повисокиот ранг.
Екипата која е составена од касапи, заварувач, жалезничар, шанкери... потошила 600 фунти за изнајмување на автобусот и 150 фунти за алкохол.