Во германскиот јазик има секаков вид на сложени именки кои опишуваат цели идеи или обичен збор. Сигурно има и еден збор кој го опушува автоголот по грешката на Марк-Андре тер Штеген на пријателскиот натпревар против САД, но со наши зборови тоа едноставно може да се долови со: КИКС.
За Марк-Андре тер Штеген беа заинтересирани сите европски гиганти и требаше да биде замена на Валдес во Барселона, а Германците во него гледаа сигурна иднина за голманската позиција во националниот тим.
Но и тие почнуваат да се предомислуваат. 21-годишниот голман дебитираше за репрезентацијата минатата година кога загубија од Швајцарија со 5:3, потоа го бранеше голот на Германија при поразот од Аргентина со 3:1, а синоќа прими уште 4 гола при поразот од САД со 4:3.
На 3 натпревари прими 12 гола, а голот по кој тој ќе биде запамтен му го донесе и нашето признание за офсајд лик на неделата.